Мисајловски од Пентагон: Продуктивни Билатерални одбранбени консултации и потврдена македонско-американската одбранбена соработка

September 27, 2024
1 min read

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски и Треша Гуенов, Главен заменик помошник на секретарот за одбрана на САД за меѓународни прашања, во Пентагон ги отворија Годишните Билатерални одбранбени консултации.

На отворањето на Консултациите министерот Мисајловски ја истакна суштинската важност на македонско-американската одбранбена соработка, се заблагодари за значајната поддршка во опремување и модернизација на македонската Армија, за советодавната поддршка во одбранбените реформи, како и за три децениската поддршка и придонес во обуката и вежбовните активности на Армијата и вработените во одбраната и порача дека зајакнувајќи ги одбранбените капацитети на нашата земја остануваме посветени на сигурноста и стабилноста на Балканот и пошироко .

Мисајловски ја потврди заложбата на Владата, за доследно исполнување на обврските од последниот Самит во Вашингтон, притоа потврдувајќи ги проекциите на Буџетот за одбраната за 2025 година и модернизација на Армијата и континуитет на започнатите заеднички процеси.

Во однос на нашиот придонес и посветеност кон колективната безбедност, Мисајловски истакна дека тоа може да се види преку учеството на армиските припадници во мултинационалните сили на НАТО во Латвија, Романија и Бугарија, на регионално ниво преку придонесот во мисијата на НАТО на Косово, КФОР и во операцијата на ЕУ, во Босна и Херцеговина, АЛТЕА и мисијата на ООН во Либан.

Билатерални одбранбени консултации се одржаа во три сесии, со учество на високи делегации од двете страни на кои се дискутираше за соработката и идните сојузнички приоритети, вклучувајќи го учеството во заеднички вежби и обуки, придонесот кон глобалниот мир и безбедност, зајакнување на нашите одбранбени капацитети, како и долгогодишното партнерство со Националната Гарда на Вермонт.

На Консултациите освен министерот Мисајловски, учествуваа и Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменик на директорот во Здружениот штаб Ј5, за Европа, НАТО и Русија, бригаден генерал Грант Фосет, државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова, одбранбено аташе на САД, полковник Даниел Сквајерс, претставници од Здружениот штаб, Агенцијата за одбранбена безбедносна соработка, Стејт департментот на САД, Командата на САД за Европа и експертските тимови на Пентагон, Министерството за одбрана и Генералштабот на Армија.

За време на посетата на САД, министерот Мисајловски оствари работни средби и со Алтон Буланд , директор за ЕУ и НАТО политика во Канцеларијата на секретарот за одбрана, и со генерал потполковник Џонатан Стабс, Шеф на бирото на националната гарда на САД.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во гаража во Белград најдено поголемо количество оружје

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Власта на СДС и ДУИ преку владиниот секретаријат за една година потрошила 23 милиони евра на сомнителен начин, додека немаше пари за лечење, учебници за учениците

Latest from Blog

Касами најави нова фаза во ВЛЕН по распуштањето на партиското раководство на БЕСА

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови донесе одлука за распуштање на Централното претседателство на партијата, во рамки на процесот за спојување на коалицијата ВЛЕН во еден политички субјект. Претседателот на

Руте: Земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната

Генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Марк Руте, по завршувањето на денешниот состанок на министрите за одбрана во Брисел, изјави дека земјите членки на НАТО постигнаа напредок во вложувањето во одбраната, неопходна за

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на 62-та Минхенска безбедносна конференција

Од утре 13.02.2026 година (петок) претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за

Од утре Мицкоски во Минхен на безбедносната конференција: во фокусот, геополитичката стабилност и улогата на Македонија како столб на стабилност во Западен Балкан

Oд утре (петок) премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ќе биде во
Go toTop