Мисајловски: Голема благодарност до САД за помошта која ја даваат на македонската армија

September 26, 2024
1 min read

Во рамки на посетата на САД во Пентагон, заедно со Началникот на Генералштаб, генерал мајор Сашко Лафчиски, остварив средба со Аманда Дори, потсекретар за одбранбена политика во Пентагон, се вели во Фејсбук статусот на министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

На средбата се заблагодарив за поддршката од САД во процесот на модернизација и опремување на Армијата и порачав дека остануваме целосно посветени на заедничката соработка и заедничките одбранбени цели. Потсекретарот за одбранбена политика, Аманда Дори ги истакна нашите цврсти билатерални односи, нагласувајќи ја подготвеноста за продлабочување на меѓусебната соработка, и изрази задоволство за нашата посветеност за модернизација како и подготвеноста за справување со заедничките одбранбени предизвици, истакнува Мисајловски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Инцидент кај гимназијата „Никола Карев“: Врсници претепале 17-годишно момче

Следно

Во израелските воздушни напади врз Либан убиено цело семејство и покрај повиците за прекин на огнот

Latest from Blog

Проданоски и Андоновски на настан за дигитална безбедност во Прилеп

Прилеп денеска беше одбележан Меѓународниот ден на побезбеден интернет – 11 февруари, со настан што се одржа во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, во присуство на министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски,

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Венко не само што се инволвирани во трговијата со дрога, очигледно претерано ја конзумираат

Ако подетално се погледнат прес-конференциите и заклучоците на СДС, ќе се дојде до сознание дека не само што нивни структури се поврзани со трговијата на марихуана туку се активни конзументи на истата,

Стратешкото партнерство со САД е двигател за енергетскиот развој, вели Божиновска

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес. На средбата се разговарало за продлабочување на
Go toTop