Мир е возможен само ако Русија е уништена

January 2, 2024
1 min read

„Русија треба да се повлече со длабоко разбирање дека се поразени, и дека ќе ја изгубат и следната војна,“ изјавил постојаниот секретар на естонското министерство за одбрана, Кусти Салм.

Тој проценува дека Путин е на пат да ја повтори својата стратегија од Грузија 2008 и Крим 2014, кога едноставно само подолго издржа на власт од неговите европски колеги.

Наместо повторување на овие два настана, Салм порачува дека Путин мора да го заврши својот упад во Украина знаејќи дека „економски се уништени, дека сме издржале подолго од нив, дека сме ја задржале нашата индустрија на здрави нозе, дека имаме технолошка предност, дека имаме подобра обука, подобар морал, дека тие едноставно повеќе немаат шанса.“

„Тие мора да се повлечат разбирајќи дека меѓународниот закон и светот базиран на правила функционира и не можеш да го извитоперуваш како ќе ти дојде.

Тоа е единствен начин да се повлече линија, за ова да не се повтори. Ако еден од овие елементи не е исполнет, тогаш за неколку години ќе се соочиме со уште една криза, не само од Русија, бидејќи сите учат,“ изјавил Салм.

Тој проценува дека моменталната руска ослабеност на сите граници освен украинската нема да биде трајна, туку е само привремена, и дека на Русија не би и требало повеќе од три години пред „повторно да има шанса“. Максимумот според други разузнавачки процени е седум до осум години, „меѓутоа консензусот е дека тие ќе се регенерираат и ќе се вратат. Ниту еден разузнавачки извор, или безбедносен извор не го негира тоа.“

„За Европа, за НАТО е многу едноставно. Ако Украина падне, НАТО е следно… Одбивањето на Русија бара многу повеќе труд, многу повеќе инвестиции, многу повеќе промени во јавното мислење. Всушност е работи за многу голем профит од инвестирањето во поддршка на Украина,“ смета Салм.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јовановска: Бебето со повреда на раката е во добра состојба, се работи за лесна пареза

Следно

Маж почина откако при возење му се слошило и излетал од коловозот на патот Битола – Прилеп!

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop