Министрите за одбрана на ЕУ на неформален состанок ќе разговараат за Украина и Црвеното Море

January 30, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министрите за одбрана на земјите членки на Европската Унија (ЕУ) на неформален состанок ќе разговараат за војната во Украина и за ситуацијата на Црвеното Море, се вели во соопштението на Европскиот совет, пренесува Анадолу.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ќе претседава со состанокот во Брисел од 30 до 31 јануари, се вели во соопштението.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров ќе размени мислења со европските колеги и ќе разговара за поддршката на ЕУ за Украина.

Министрите ќе ја оценат и одбранбената подготвеност на блокот и „ќе ги споделат своите перспективи за оперативните и безбедносните предизвици со кои се соочува регионот Сахел, како и за тековните случувања на Црвеното Море“.

Тензиите на Блискиот Исток се големи со неколку кризи што се преклопуваат. Покрај израелската војна против Газа и размената на оган со Хезболах во Либан, Хусите ги гаѓаат трговските бродови поврзани со Израел на Црвеното Море како поддршка на Палестинците, а САД и сојузниците изведуваат одмазднички напади. Зголемени се и нападите врз американските сили во Ирак и во Сирија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Бугарија: Речиси во половина држава прогласена епидемија на грип

Следно

Опасна конфронтација меѓу Тексас и Бајден, 40 000 камиони се упатуваат кон границата

Latest from Blog

Божиновска најавува модернизација и регионални партнерства за енергетска стабилност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денес на Зимското собрание на EDS зборуваше за енергетската безбедност како тема која веќе не е само за експерти, туку за секој граѓанин.

Ристовски најави: 438.000.000 денари поддршка за македонскиот спорт

Македонскиот спорт ќе добие 438.000.000 денари поддршка од државата соопшти министерот за спорт Борко Ристовски во своето обраќање на денешното редовното годишно Собрание на Ракометната федерација на Македонија (РФМ). – После субвенциите

Бастони и кажа “ДА“ на Барса!

ФОТО:facebook.com/Inter Еден од најдобрите дефанзивци во светот и еден од најдобрите фудбалери на Интер и селекцијата на Италија, се сели во Ла Лига. Алесандро Бастони, ги прифати сите услови понудени од Барселона
Go toTop