Министерството за спорт обезбедува финансиска поддршка за женскиот спорт и за младите таленти

November 10, 2024
1 min read

Министерството за спорт ќе додели нова државна помош од околу 100 милиони денари кои ќе биде наменета за поддршка на женскиот спорт и за поддршка на млади таленти во индивидуалните спортови, соопшти министерот Борко Ристовски во вчерашното гостување во Дневникот на ТВ Сител.

-Покрај 550 милиони денари кои се доделуваат како субвенции, веќе во декември ќе има нова државна помош за спортот од околу 100 милиони денари за која се одлучивме да биде малку поинаку распределена. Околу 50 проценти од тие пари ќе одат за развој на женскиот спорт што е огромен чекор бидејќи во минатото не постоело такво нешто. Сакаме нивото на женскиот спорт да го приближиме до нивото на кое е машкиот спорт. Ако во минатото во женскиот спорт одеа 19 проценти, сега ќе го покачиме тоа ниво на 25 проценти. Тоа можеби не е многу како бројка, но тоа е еден значаен исчекор напред. Сакаме да стигнеме до некоја прифатлива бројка каде што машкиот и женскиот спорт ќе бидат изедначени – посочи Ристовски.

Другиот дел од средствата ќе бидат наменети за поддршка на млади таленти во индивидуалните спортови од кои на краток и на среден рок се очекува подобрување на резултатите, а на долг рок олимписки норми.

-Во распределбата на средства во декември ќе имаме и поддршка на млади таленти во индивидуалните спортови, сите оние на кои им треба финансирање на програма. Преку федерациите тие ќе поднесат програма и план за работа во наредната година, со конкретни бројки и со конкретни резултати што ќе треба да ги постигнат доколку ја добијат таа помош и ќе бидат комплетно финансирани од страна на Министерството за спорт. Тоа е уште еден чекор плус за повторно да видиме успеси во индивидуалниот спорт бидејќи како што досега стоеја работите, овие спортисти речиси и да немаа никаква помош од државата, освен онаа основна помош што ја добиваат од матичните федерации што е премалку доколку сакате да направите успех на олимписки игри, на светско или на европско првенство. Министерството за спорт ќе инвестира голема сума на средства и во индивидуалните спортови. Мислам дека на краток и на среден рок ќе видиме подобрување на резултатите. И што е уште поважно, на долг рок, Македонија ќе мора конечно да избори норма и за олимписки игри, а не да биде тоа само настап со вајлд карта – истакна министерот Борко Ристовски.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Потрага со дрон по исчезнатата Трајковска! Пронајдени нејзини предмети

Следно

„Глобалниот систем минува низ најголемите промени од Студената војна, го немаме луксузот да го следиме од трибините“

Latest from Blog

ЕУ се премисли во врска со забраната за бензински и дизел мотори

Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже

Во Владата на состанок разгледани тековните приоритети од Реформската агенда

Во Владата денеска се одржал состанок за тековните приоритети од Реформската агенда. -Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните

КАКО БИ САКАЛЕ ДА УМРЕТЕ?! Праша Reddit а одговите се… богами има и креативни

Неодамна на популарната социјална мрежа Reddit се појави прашање кое ги прави повеќето луѓе да се чувствуваат непријатно, но Србите покажаа неверојатен спектар на емоции преку своите одговори – од длабока поезија

Мистериозна ЖЕНА БО БЕЛО ШЕТА НИЗ БЕЛГРАД, сведоците и медиумите немаат објаснување!

Во текот на ноќта, жителите на Белград беа сведоци на морничави сцени на жена во бело кои се појавуваа на улиците. Снимките од социјалните медиуми документираа необјаснети сцени кои дополнително ја интригираат
Go toTop