Членови на Комисијата за надзор на работата на судовите при Министерството за правда од утрово е во контрола на Основниот суд Кавадарци.
Како што неофицијално дознава МКД.мк, комисијата ќе врши надзор на работата на судот врз основа на забелешките содржани во извештаите од одржаните седници на Судскиот совет, но и по пријави за работата на претседателот на судот, судијата Лазар Нанев, испратени до Јавното обвинителство.
Освен ова, комисијата ќе испитува дали имало дали се почитувала компјутерската распределба на предметите или се делеле на рака, односно дали се почитувал АКМИС системот.
Министерот за правда Кренар Лога минатата недела го разреши Нанев од претседател на Советот на ИКТ и иницираше постапка за изработување на нов правилник за функционирање на Советот.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.