Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

March 30, 2026
1 min read

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува рамка за дигитално поврзување и унапредување на електронската комуникација помеѓу институциите преку софтверската платформа

Меморандумот има за цел да обезбеди побрзо, побезбедно и поефикасно водење на управните спорови, особено во постапките каде Министерството за правда се јавува како тужена страна. Со неговата примена се овозможува целосна дигитализација на размената на документи и информации, што значително ќе придонесе за намалување на административните процедури и забрзување на судските процеси.

Преку платформата ЕПУС ќе се овозможи електронска достава на тужби, одговори, жалби, судски одлуки и други акти, како и нивно интегрирање во електронско досие на предметот. Дополнително, системот овозможува навремено известување за сите процесни дејствија, со што се зголемува транспарентноста и правната сигурност за сите учесници во постапките.

Соработката ќе се реализира во согласност со важечките законски прописи, вклучително и законите за управни спорови, општа управна постапка, судови, електронско управување и заштита на личните податоци. Особено внимание ќе се посвети на безбедноста и доверливоста на податоците, преку примена на највисоки технички и организациски стандарди.

Министерството за правда ќе назначи овластени лица за работа со платформата, додека Управниот суд ќе обезбеди техничка поддршка, пристап и обука за нејзино користење.

Овој Меморандум не создава финансиски обврски за страните, туку претставува израз на заедничка заложба за модернизација на правосудниот систем и унапредување на институционалната соработка.

Со овој чекор, институциите прават значаен исчекор кон дигитализација на правосудството и подобрување на услугите кон граѓаните и правните субјекти.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Следно

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна

Коњановски: Нови современи тоалети за учениците во „Коле Канински“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска ја посети ОУ „Коле Канински“ каде што е предвидена целосна реконструкција на постоечките тоалети, кои со децении не биле обновувани. Со овој проект се обезбедуваат современи
Go toTop