Министерство за здравство во Газа: Медицинските тимови се борат со голем број ранети

December 1, 2023
1 min read

ГАЗА (АА) – Медицинските тимови се борат со голем број ранети по завршувањето на хуманитарната пауза и продолжувањето на израелското бомбардирање врз Појасот Газа, објави денес палестинското Министерство за здравство во Газа, јавува Анадолу.

„Ранетите лежат на подовите на одделите за итни случаи и пред операционите сали поради големиот број повредени лица“, рече портпаролот на Министерството, Ашраф ал-Кудра.

Израел рано утрово ги продолжи своите воени операции во Појасот Газа по завршувањето на хуманитарната пауза, целејќи различни области во северниот, централниот и јужниот дел на Појасот, со десетици загинати и ранети, соопшти Министерството.

Според последното соопштение на Министерството, најмалку 32 Палестинци се загинати, а повеќемина се повредени откако Израел продолжи со нападите врз Газа неколку часа по завршувањето на хуманитарната пауза.

Паузата меѓу Израел и Хамас, што стапи на сила во петокот, 24 ноември, заврши утрово.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Германија ќе блокира полначи за автомобили и топлотни пумпи

Следно

Спасовски: Набавката на нова опрема за следење комуникациии не е на МВР, се следат разговорите само оние за кои има судска наредба

Latest from Blog

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира првиот национален онлајн медиум minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на

Петрушевски: Kолата на Апасиев културно пропуштена од денешните блокирачи

Ова е колата на Апасиев, културно пропуштена од денешните блокирачи и некултурно паркирана на паркингот на Собранието, пишува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски. -Ако некој сè уште се сомнева во политичката позадина

Град Скопје го расчистува просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк

Град Скопје започна со уредување на просторот во Градскиот парк за изградба на нов Луна парк, информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Старите, бесправно изградени дискотеки се отстрануваат за да се создаде безбеден и

Неверојатно: Во Виетнам се гради најголемиот стадион во светот за 135.000 гледачи!

ФОТО: X Звучи неверојатно, но така е. Виетнам треба да биде домаќин на најголемиот спортски стадион во светот. Изградбата на монументалниот објект „Чонг Донг“ започна во декември, со амбиција да се отвори
Go toTop