Министерство за здравство на Палестина: „Во израелските напади на Појасот Газа досега загинаа 3.300 лица“

October 18, 2023
1 min read

РАМАЛА (АА) – Министерството за здравство на Палестина објави дека најмалку 3.300 лица се убиени, а 13.000 се ранети во израелските напади на Појасот Газа од 7 октомври досега, известува Анадолу.

Министерката Маи ел-Каила на конференцијата што се одржа во Рамала ги изнесе најновите податоци за жртвите од израелските напади на Појасот Газа.

Таа нагласи дека податоците се приближни првенствено поради фактот дека се најавуваат израелски напади, како и поради „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Појасот Газа.

Министерката Ел-Каила истакна дека бројката на загинати во Појасот Газа од 7 октомври досега се зголемила на 3.300, а бројката на ранети изнесува 13.000.

Ел-Каила информираше дека во Појасот Газа постои загрижувачки недостиг на лекови и голем проблем претставува транспортот до болница.

Министерката рече дена недостигот на вода и нарушувањето на канализацискиот систем дополнително го зголемува ризикот од ширење на заразни болести.

Палестинската министерка го осуди израелскиот воздушен напад на баптистичката болница „Ал-Ахли“ во Газа, порачувајќи дека Израел мора да одговора за тоа.

Најмалку 500 луѓе ги загубија животите во синоќешниот израелски напад на болницата во Газа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Второ коло од „есенска тура за 2win авантура“ на 2WIN.MK

Следно

Премиерот Ковачевски не го коментира застарувањето на случајот „Таргет-тврдина“

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop