Министерство за здравство на Хамас: Во Газа има над 22 илјади мртви

January 2, 2024
1 min read

Ова е за 207 лица повеќе од претходниот ден, а дополнителни 57 035 лица се повредени од почетокот на војната, од кои повеќето цивили, објави владата. Бројките не можат да бидат независно потврдени во овој момент

Бројот на загинати жители на Појасот Газа во израелските напади се искачи на 22 185, соопштија здравствените власти под контрола на Хамас.

Ова е за 207 лица повеќе од претходниот ден, а дополнителни 57 035 лица се повредени од почетокот на војната, од кои повеќето цивили, објави владата. Бројките не можат да бидат независно потврдени во овој момент.

Војната во Газа беше предизвикана од најтешкиот масакр во историјата на Израел, извршен од милитанти од Хамас и други екстремистички групи на 7 октомври во близина на границата со Појасот Газа, при што загинаа повеќе од 1 200 луѓе.

Истиот ден, на југот на Израел, беа киднапирани околу 240 лица и однесени во Појасот Газа, а според израелските власти, Хамас и другите милитанти во Газа сè уште држат 129 заложници.

Израел одговори со масовни воздушни напади и копнена офанзива.

Во израелските копнени операции во Појасот Газа досега загинаа околу 170 војници.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Над 500 санкции за брзо возење во првиот ден од годинава

Следно

Разорни земјотреси во Јапонија: Од 1995 година во речиси 70 земјотреси загинаа десетици илјади луѓе

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop