Министерство за здравство: Бројот на загинати Палестинци во израелските напади во Газа се искачи на 493

October 9, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на Палестинци кои загинаа во нападите на израелските сили во Газа се искачи на 493, соопшти Министерството за здравство со седиште во Газа, пренесува Анадолу.

Се наведува дека бројот на повредени лица се искачил на 2.751.

Министерството за внатрешни работи во Газа соопшти дека израелската армија ја „интензивирала својата агресија“ врз Газа со стотици напади.

Министерството потврди дека израелски цели во Газа биле станбени згради и јавни објекти, меѓу кои и џамии.

Израелската армија, од своја страна, потврди дека погодила над 500 цели во нападите врз Газа во текот на ноќта, за кои тврдеа дека биле позиции на групите Хамас и Исламски џихад.

Групата на отпорот Хамас во саботата утрото ја започна операцијата „Поплава Акса“ против Израел, истрелувајќи бараж ракети. Се наведува дека ненадејниот напад е одговор на упадот во џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Ерусалим) и зголеменото насилство од доселениците.

Како одмазда, израелската армија ја започна операцијата „Железни мечеви“ против Хамас во Појасот Газа.

Според израелското Министерство за здравство, во борбите загинале најмалку 700 Израелци, а над 2.300 се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Туркије од Италија ја презема командата на КФОР на Косово

Следно

Фондот на холокаустот го објави четвртиот награден конкурс „Раскажувам фотографија“

Latest from Blog

Официјални информации за земјотресот кој вечерва ги вознемири граѓаните во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од територијата на Р. Косово,

БМВ и камион се судрија настана пожар кај Хиподром, затворен автопатот кон Скопје

Тешка сообраќајна несреќа проследена со пожар вечерва предизвика целосен застој на автопатот на влезот во Скопје, на потегот кај Хиподром во правец кон главниот град. Според првичните неофицијални информации, станува збор за

Снимено е убиството на 29- годишен фудбалер, главен осомничен е брат му (ВИДЕО)

Главниот осомничен за убиството на 29-годишниот Пирес е неговиот сопствен брат, кој побегнал од местото, јавуваат аргентинските медиуми. Клубот Алмирате Браун каде настапуваше Пирес излезе со соопштение во кое изразува сочувство до
Go toTop