Screenshot

Министерствата за финансии и здравство со инвестиција од 92,7 милиони денари во скопската Клиника за физикална медицина

September 1, 2026
1 min read

1 септември 2026 година, Скопје – Започнува реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје, инвестиција вредна 92,7 милиони денари без ДДВ, со која ќе се подобрат условите за пациентите и медицинскиот персонал и значително ќе се зголеми енергетската ефикасност на објектите.

Потпишан е Договор за грант помеѓу Министерство за финансии и Министерство за здравство за реализација на под-проектот „Реконструкција на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје со мерки за енергетска ефикасност“, кој ќе се реализира преку Проектната единица при Министерството за финансии, со грант средства обезбедени од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка, како и со инвестициски грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF).

Овие активности се дел од Компонентата 1б од Проектот, која опфаќа реконструкција со мерки за енергетска ефикасност на објекти на централната власт и јавни здравствени установи.

Реконструкцијата ќе опфати осум меѓусебно поврзани објекти, со вкупна грејна површина од 7.247 квадратни метри.

Со инвестицијата Клиниката ќе добие современи енергетски ефикасни решенија, подобри и пофункционални услови за работа на медицинскиот персонал и поквалитетни услови за престој, третман и лекување на пациентите.
Предвидените градежни активности опфаќаат поставување термичка изолација на фасадите и кровните конструкции, замена на постојната дотраена столарија со нова енергетски ефикасна столарија, санација на делови од објектите и санитарните јазли, како и замена на постојното осветлување со современи енергетски ефикасни LED-системи.

Во рамките на реконструкцијата ќе се модернизираат и системите за греење и ладење преку инсталирање високоефикасни топлински пумпи и вентилаторски конвектори. Со тоа ќе се замени досегашниот систем за загревање на мазут, што ќе придонесе за намалување на потрошувачката на енергија, пониски трошоци за функционирање на установата и намалување на негативното влијание врз животната средина.

Со реализацијата на проектот се очекува значително подобрување на енергетските карактеристики на клиниката, но и создавање посовремена, пофункционална и поквалитетна здравствена средина за пациентите и медицинскиот персонал.

Реконструкцијата на ЈЗУ Универзитетска клиника за физикална медицина и рехабилитација – Скопје претставува уште една значајна инвестиција во модернизацијата на јавната здравствена инфраструктура и е дел од пошироките активности за унапредување на енергетската ефикасност на јавните објекти, поефикасно користење на јавните средства и обезбедување поквалитетни јавни услуги за граѓаните.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Емилијано Мартинез со порака за Меси: Ти ме направи светски шампион, ти благодарам!

Следно

Меџити: Учениците во Чаир ја започнаа учебната година со нови клупи и столчиња

Latest from Blog

Неочекуван потег на Венс: Одбива да му даде поддршка на кандидатот претпочитан од Трамп

„Јас ги поддржувам американските кандидати, а во моментов сум фокусиран на изборите во средината на мандатот. Нема да се мешам во израелските избори“, изјави Венс во интервју за новинарот Марк Халперин, додека

Државна лотарија постапува по забелешките на Државниот завод за ревизија

Државна лотарија презеде мерки за отстранување на наследените неправилности уште пред изработувањето и објавувањето на извештаите на Државниот завод за ревизија. Ревизијата на работењето на Државната Лотарија во овие постапки од страна

Божиновска: Стопанската комора ќе се вклучи во подготовката на новата Стратегија за енергетика

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, на која се разговараше за имплементацијата на Стратегијата за рударство,

Проданоски: Прилеп ќе добие обновена спортска сала со 1.959 седишта

Општина Прилеп ги завршила потребните административни процедури и активности за целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“, со што се создадени предуслови за реализација на проектот, информира градоначалникот Дејан Проданоски. Планираната инвестиција изнесува
Go toTop