Министерот за надворешни работи на Шпанија: „​​Ситуацијата во Газа е катастрофална, драматична, трагична“

February 26, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Алварес, денеска изјави дека ситуацијата во Појасот Газа е катастрофална, драматична и трагична и го повтори повикот за итен прекин на огнот во таа енклава, која е цел на брутални израелски напади од 7 октомври, јавува Анадолу.

„На европско и мултилатерално ниво презентиравме конкретни предлози за напредок во решавањето на двете големи кризи кои ги доживуваме и во кои гледаме неприфатливи прекршувања на човековите права во Украина и Газа“, рече Алварес на седницата на Советот за човекови права во Женева.

Тој нагласи дека Шпанија е посветена на мирот на Блискиот Исток, мирот меѓу Израелците и Палестинците.

„Да бидеме јасни, ситуацијата во Газа е катастрофална, драматична, трагична“, рече Алварес.

Тој истакна дека тие повикуваат на итен прекин на огнот во Газа и ќе продолжат да ја поддржуваат Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА) и нејзината незаменлива работа.

Неколку земји го суспендираа своето финансирање на УНРВА минатиот месец по израелските обвинувања дека 12 од илјадниците вработени во агенцијата учествувале во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Агенцијата ги истражува тврдењата, но предупреди дека прекинот на финансирањето ризикува катастрофа.

Алварес потсети дека Шпанија веќе најавила зголемување на донирањето за 3,5 милиони евра, додавајќи дека тие се подготвени да придонесат за повторно започнување на политичкиот процес кој се заснова на дводржавно решение.

Палестинците се надеваат дека ќе воспостават сопствена независна држава во Појасот Газа и Западниот Брег со главен град Источен Ерусалим (Источен Кудс).

Израелскиот премиер Нетанјаху е категоричен во своето противење за дводржавно решение, и покрај тоа што меѓународната заедница го застапува тоа како единствен остварлив пат напред.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните дејствија и да преземе мерки за да се гарантира хуманитарна помош за цивилите во Газа.

Израел започна смртоносна офанзива во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври. Во израелското бомбардирање што следуваше загинаа над 29.700 луѓе, а над 70.000 се повредени со масовно уништување и недостиг на неопходни работи.

Според Обединетите нации, израелската војна против Газа турна 85 отсто од населението на територијата во внатрешно раселување поради постојан недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Од утре поевтини горива, Регулаторна го објави новиот ценовник

Следно

Европејците се’ помалку сакаат да работат, државите се обидуваат да ги мотивираат

Latest from Blog

Отворен тренинг за сите – Омерагиќ со покана до јавноста

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, упати јавна покана до сите љубители на фудбалот да присуствуваат на отворениот тренинг на македонската репрезентација. Тренингот ќе се одржи денеска во тренинг центарот

Делегација на НАТО ја посети Украина за првпат од почетокот на руската инвазија

 Делегација на НАТО предводена од врховниот командант на сојузничките сили за трансформација, францускиот адмирал Пјер Вандие, ја посети Украина, што е прва таква посета по руската инвазија на земјата во февруари 2022

Засега нема да се ограничи точење гориво за странски државјани, дневно користат до 150.000 литри, вели Мицкоски

Премиерот  Христијан Мицкоски уверува дека државата е обезбедена од сите аспекти за справување со состојбите  по растот на цената на горивата како резултат на војната на Блискиот Исток. Мицкоски, кој денеска соопшти
Go toTop