Министерот Мисајловски во посета на Првиот пешадиски баталјон

September 19, 2024
1 min read

Денеска Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, во придружба на Заменикот на Началникот на Генералштабот, генерал мајор Азим Нуредин, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски ги посетија припадниците во касарната ,,Чеде Филиповски – Даме’’ во Кичево каде што е лоциран 1. пешадиски баталјон.

За време на посетата министерот Мисајловски од страна на командант на 1. пешадиска баталјон потполковник Зоранчо Ристовски беше брифиран за мисијата, задачите, и одговорностите на единицата како и за ангажманот на припадниците на овој баталјон во мировните мисии, вежби и поддршка на други институции.

Министерот Мисајловски пред присутните потенцира дека во наредниот период ќе се посвети поголемо внимание на опремување на капацитетите за потребите на 1. пешадиски баталјон.

Во рамки на денешната посета од страна на припадниците беше извршена и презентација на дел од опремата на 1. пешадиски баталјон.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Прв учебник за изучување македонски јазик во Словачка

Следно

Фидан: Наша визија е одржување на мирот и стабилноста на Балканот

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop