Министерот Гил: Венецуела ги осудува геноцидот и израелското истребување на Палестинците

November 16, 2023
1 min read

МОСКВА (АА) – Венецуела ги осудува геноцидот и истребувањето на палестинскиот народ што ги врши Израел, изјави денес министерот за надворешни работи Иван Гил, јавува Анадолу.

„Единственото решение за конфликтот е во создавањето палестинска држава поддржана од Советот за безбедност на ОН“, изјави Гил на прес-конференцијата во Москва по средбата со рускиот колега Сергеј Лавров.

„Веќе побаравме итен прекин на огнот за да преминеме на преговори. Гледаме дека Израел врши истребување на палестинскиот народ. Тоа е неподносливо. И меѓународната заедница нема да го толерира тоа“, нагласи тој.

Гил ги поддржа договорите постигнати на неодамнешниот заеднички самит на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка и ја повика меѓународната заедница „да ги мобилизира своите сили за поддршка на палестинскиот народ“.

Венецуелскиот претставник рече дека Израел секој ден ги крши човековите права и меѓународното законодавство преку бомбардирање, напади врз болници и друга цивилна инфраструктура.

„Тука не може да има прашања. Оваа политика треба веднаш да се прекине. Неопходно е да се истражат и да се осудат сторителите на воените злосторства, а населението од Појасот Газа и Палестина треба да имаат право да го искористат своето право на независност и да ги добијат своите територии“, додаде тој.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Или-Или“ ја објави „Едно лето со Рембо“ посветена на легендарниот француски поет

Следно

Кривичен бара Судски совет да ја делегира судијката Александра Ристеска се до објавување на пресудата за Ласкарци

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop