Министерот Андоновски ќе присуствува на меѓународниот форум на лидери во Чикаго

August 20, 2024
1 min read

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, овие денови престојува во Чикаго за да учествува на Меѓународниот форум на лидери организиран од Националниот демократски институт.

Меѓународниот форум на лидери е престижен собир на креатори на политики, експерти и активисти од целиот свет посветен на зајакнувањето на демократските институции и промовирањето на доброто владеење. Министерот Андоновски, како дел од оваа група, ќе учествува на панел дискусии за глобалните предизвици и можности, споделувајќи ги македонските искуства во дигиталната трансформација и дискутирајќи можности за меѓународна соработка.

Покрај учеството на Форумот, тој ќе присуствува и на настан организиран од Фондацијата на поранешниот претседател Обама, каде што ќе ги сподели македонските искуства во дигиталната трансформација.

За време на посетата, министерот Андоновски ќе оствари серија билатерални и мултилатерални средби со владини претставници, бизнис лидери и експерти за зајакнување на меѓународните партнерства на Македонија и нови можности за соработка во областа на дигиталната трансформација.

Понатаму, министерот Андоновски ќе ја искористи можноста да се сретне со членовите на македонска дијаспора во Чикаго за да разговараат за нивниот придонес за македонската заедница и потенцијалите за унапредување на соработката меѓу Македонија и дијаспората во САД.

Оваа работна посета на министерот Андоновски е во функција на афирмација на напорите на Владата за дигитална трансформација и зајакнување на меѓународната позиција на Македонија во оваа област.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

МакеКоПроДокс форум и премиера на „Молкот на разумот“ на Кумјана Новакова на МакеДокс

Следно

Шкотската Влада ги прекина сите средби со Израел

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop