Министерката Божиновска се сретна со амбасадорот Лосон и тимот на „Англо Американ“

October 7, 2025
1 min read

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со британскиот амбасадор Метју Лосон, соопштија од Министерството за енергетика.

На состанокот присуствуваа и Никола Стојаноски, директор за меѓународна трговија и инвестиции во Амбасадата на Обединетото Кралство, како и претставници на меѓународната компанија „Англо Американ“, една од водечките светски корпорации во областа на рударството и металургијата, соопштија утрово од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, се вели во соопштението.

– Средбата се одржа во духот на континуирана и конструктивна соработка меѓу Македонија и Обединетото Кралство во областа на енергетиката и рударството. Разговарано беше за актуелните активности на Министерството и можностите за размена на искуства и добри практики во управувањето со природните ресурси и енергетската транзиција, се истакнува во соопштението.

Министерката ја истакнала одличната соработка со британската Амбасада, која, како што нагласила Божиновска, претставува значаен партнер во процесите на развој на енергетските политики, унапредување на регулативата и поттикнување на одржливи практики во секторот.

– Амбасадорот Лосон и претставниците на „Англо Американ“ ја поздравија досегашната соработка со Министерството, изразувајќи интерес за понатамошен институционален дијалог и заеднички иницијативи во насока на зајакнување на билатералните односи, се потенцира во соопштението.

Инаку, од достапните информации на Интернет за „Англо Американ“, станува збор за британска мултинационална рударска компанија со седиште во Лондон, фокусирана на производство на метали и минерали, како што се бакар, железна руда и хранливи материи за земјоделски култури. Основана е во 1917 година и е голем глобален производител на платина и дијаманти (преку мнозинско сопствеништво на групацијата „Де Бирс“). Исто така, произведува никел, јаглен за производство на челик и полихалит.

Производите на компанијата ги вклучуваат брендовите за дијаманти De Beers Jewellers и Forevermark.

„Англо Американ“ работи во 15 земји низ Јужна Африка, Јужна Америка и Австралија, со примарна котација на Лондонската берза и секундарна котација на Берзата во Јоханесбург.

На Интернет нема податоци за директни операции или големи инвестиции од „Англо Американ“ во Северна Македонија. Сепак, како што се наведува, присуството на „Англо Американ“ во Северна Македонија се споменува во извештаите за противењето на локалната заедница на странски рударски проекти на Балканот, што укажува на поширок контекст на меѓународни рударски интереси во земјата, дури и ако не се директно поврзани со самата „Англо Американ“.

Исто така се наведува и дека „Англо Американ“ има за цел да биде јаглеродно неутрална до 2040 година и го користи својот План за одржливо рударство за да постави цели за здрава животна средина и просперитетни заедници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Тројца научници од Универзитетот во Калифорнија ја добија Нобеловата награда за физика

Следно

Црвен метео аларм во Бугарија и Романија

Latest from Blog

За убиството на судијата во Апелацискиот суд во Тирана уапсени три лица, скенерот сигнализирал присуство на метал, обезбедувањето не реагирало

Преку соопштение за медиумите, полицијата објави дека обезбедувањето во судницата не презело никакви мерки за физички претрес на чичкото и внукот Ѓон и Елвис Шкамби, иако уредот за скенирање (детектор), во моментот

Капело: Јуве – Милан? Неверојатно здодевно!

ФОТО: Fabio Capelo/X Некогашниот стратег на Јувентус и Милан, еден од најдобрите тренери во историјата, секако дека тоа е Фабио Капело имаше свој коментар по неделното мег – дерби во Серија А

Проданоски ја најавува трансформацијата на градската река во Прилеп

Кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски, најави амбициозен проект за ревитализација на градската река, со цел таа да стане современ и функционален јавен простор за сите генерации. На површина од повеќе
Go toTop