Министерката Божиновска ќе учествува во 21. Виенски Економски Форум

November 4, 2024
1 min read

Министерката за Енергетика, Рударство и Минерални суровини Сања Божиновска ќе учествува на 21. Виенски Економски Форум (ВЕФ) – “Виенски дијалог за иднината 2024“, што ќе се одржи денес во Виена, Австрија. Како дел од овогодинешната тема, “Регионалната економија како дел од европската и глобалната економија“, Виенскиот Економски Форум на едно место ќе ги обедини лидерите од цела Европа кои ќе разговараат за клучните економски и политички прашања кои ја обликуваат иднината на регионот.

Министерката Божиновска ќе учествува на третата сесија на Форумот, насловена како “Заедничка одговорност на економијата и политиката за сигурна европска иднина“. Сесијата, модерирана од г-ѓа Даниела Филип, ќе биде отворена со изјава на г-дин Матео Ривелини, Раководител на Одделот за Западен Балкан и Турција во Европската инвестициска банка (ЕИБ). Заедно со регионални лидери и експерти, Министерката за Енергетика, Рударство и Минерални суровини ќе дискутира за колективните одговорности на политичките и економските сектори за обезбедување стабилна, одржлива и просперитетна иднина за Европа.

Покрај Божиновска, на панелот ќе учествуваат:
– Александар Влаховиќ, Претседател на Српската асоцијација на економисти и член на УО на Виенскиот Економски Форум;
– д-р Сабине Херличка, Извршен Директор на “Инфинеон Технологии Австрија АГ“;
– д-р Гинтер Рабенштајнер, Управен Партнер на “eHydro500“ и Почесен Претседател на Виенскиот Економски Форум;
– Г-дин Сезгин Билгич, Генерален Секретар на Фондацијата “Мармара Груп“, Турција;
– Г-ѓа Наталија Бејан, Генерален Директор на агенцијата “Инвест“ Молдавија;
– Г-дин Никола Вујовиќ, Потпретседател на Стопанската Комора на Црна Гора.

Учеството на Министерката Сања Божиновска на Виенскиот Економски Форум е приказ на посветеноста на Министерството за Енергетика, Рударство и Минерални Суровини и на нашата држава кон размена на искуства со европски и светски експерти, кон партиципирање во дијалозите и придонесување кон европската агенда за одржлив раст, унапредување на енергетската ефикасност и зајакнување на регионалната стабилност.

„За нашата држава, учеството во ваквите дискусии не е само политика, туку и одраз нашата тековна работа и стратегија за интегрирање на обновливите извори на енергија, поддршка на економската стабилност и создавање силни партнерства. Учеството на собири како Виенскиот Економски Форум ја нагласуваат важноста и улогата на нашата држава во поширок, европски контекст и исклучително големата важност обединетиот пристап кон овие предизвици“ изјави Божиновска пред почетокот на самитот.

Преку своето учество и остварените средби, Министерката продолжува да работи на зајакнување на соработка со европските партнери за позелена, посигурна и поотпорна енергетска иднина во државата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трет ден на жалост за трагедијата во Нови Сад

Следно

Трајков: Потребна е поголема апсорпција на средства за клучните инфраструктурни инвестиции

Latest from Blog

Божиновска: Снабдувањето со горива е во одлична кондиција, нема ризик од недостиг

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

На Куба почнаа со обнова на електромрежата

Електроенергетската мрежа остана во дефект во саботата навечер откако голема електрана во Нуевитас, во источната кубанска покраина Камагуеј, престана да работи, соопшти операторот на мрежата UNE. Тоа предизвика каскаден ефект што остави

Божиновска: Снабдувањето со гориво е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска изјави дека снабдувањето со горива е во одлична кондиција и во земјата има доволно деривати. – Ние го следиме сето тоа. Засега снабдувањето

Омерагиќ: Инвестицијата на Пандев отвора нови можности за младите фудбалери во Македонија

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, оцени дека инвестицијата на Горан Пандев во модерен спортски центар во Струмица претставува значаен исчекор за развојот на младинскиот фудбал во земјава. Според него, новите услови овозможуваат
Go toTop