Министер Перински во Словенија: Словенечките искуства значително ќе придонесат за зајакнување на капацитетите за нашата европска перспектива

November 6, 2024
2 mins read

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, престојува во тридневна студиска посета на Словенија во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како дел од неговата агенда за размена на искуства и примена на позитивни практики на земјите од регионот во насока на подготовка на планираните измени на Законот за локална самоуправа. Министерот денеска одржа средби со првиот човек на Министерството за кохезија и регионален развој, Александар Јевшек и со Франц Пропс, кој раководи со Министерството за јавна управа.

Начинот на спроведување на политиките за рамномерен регионален развој и изворите за финансирање, беа во фокусот на средбата со министерот Јевшек, кој раководи со Министерството кое е одговорнo за спроведување на европската политика за кохезија и регионален развој. На средбата министерот Перински се информираше и за организационата поставеност на Министерството, кое практично ги извршува истите функции како и Министерството за локална самоуправа, но, со една значајна разлика, кај нас политиката за рамномерен регионален развој главно се спроведува со средства од буџетот на државата и не управува со средствата од ИПА Програмата.

Министерот Перински, средбата со колегата Пропс ја искористи да се информира за дигитализацијата на административните услуги кои ги обезбедуваат општините во Словенија, како се одвивал процесот на дигитализација и помошта на централната власт за дигитализацијата на локално ниво, а разговараа и за законската рамка со кои е регулирана соработката на словенечките општини со граѓанскиот сектор, изворите за нивно финансирање и за начинот за вршење надзор над работењето на единиците на локалната самоуправа и нивната транспарентност.

-Разменетите искуства и позитивни практики и од оваа студиска посета, како од неодамнешната на Србија, ќе може да ги искористиме при подготовката на измените на Законот за локална самоуправа со цел за пофункционални општини и поефикасни јавни услуги по европски нормативи. Средбите се и од исклучителна важност за нас како држава која се стреми за влез во Европската Унија и интензивно работи на неопходните реформи, пат кој Словенија веќе го минала и веќе две децении е рамноправна членка на европското семејство, истакна министерот Перински по средбите на кои се заблагодари за постојаната поддршка која Словенија ја дава за европската перспектива на нашата држава, како и за споделувањата на искуствата во овој процес.

Перински истакна дека со министерот Јевшек договориле на техничко ниво во периодот во којшто ќе следи да се формираат работни групи за размена на позитивните искуства од Словенија, а кои ќе користат при започнатиот процес за измени на Законот за локална самоуправа.

-Да го спречиме заминувањето на младите луѓе од неразвиените региони. Да обезбедиме развој заснован на децентрализација врз принципот на општествениот развој и оној дел од земјата кој послабо е развиен да се развие побрзо и да ги достигне оние кои веќе се развиени. Тоа е смислата на кохезијата, смисла на усогласениот регионален развој, изјави министерот за кохезија и регионален развој, Јевшек, по средбата со Перински, на која се заложиле за продлабочување и интензивирање на соработката помеѓу Македонија и Словенија во областа на регионалениот развој.

За таа цел, Словенија како земја членка на Европската Унија ќе се заложи на Македонија како претендент за членство во ЕУ, да ѝ помогне околу искористување на средствата од европските фондови за регионален развој, од кој бенефит би имале сите граѓани во регионот, а значително би помогнало и за намалување на трендот на исселување на младите од државата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Би бил среќен ако камерите почнат со работа во јануари следната година“, рече Тошковски

Следно

Зеленски потпиша два нацрт-закона за продолжување на воената состојба на Украина и за мобилизација

Latest from Blog

Коњановски: Поголема улога на компаниите во развојот и општествениот живот на Битола

Иницијативата за формирање „Бизнис клуб Битола“, поддршката за Клиничката болница и поголемото вклучување на компаниите во активности од општествен интерес беа теми на работниот состанок на Регионалната комора со седиште во Битола.

Славески: Од следната недела до 15.000 денари неделно за подигање готовина од „АЛТА банка“

Од следната недела, неделниот лимит за подигање готовина и плаќање со картичките на „АЛТА банка“ АД Битола ќе се зголеми од 10.000 на 15.000 денари, најави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Проданоски: По половина век се обновува патот за Веселчани и Загорани

Се рехабилитираат три километри од локалниот пат што ги поврзува Веселчани и Загорани со регионалниот пат Прилеп – Битола, соопшти градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според Проданоски, делницата се обновува по 50

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт
Go toTop