Минчев: Почнуваме со квалитетни реформи за професионална јавна администрација

January 15, 2025
1 min read

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во интервјуто за Алсат ТВ ги презентираше клучните реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја потребата од повисоки стандарди и ефикасност.

-Кампањата под мотото “Сите заедно за професионална и квалитетна јавна администрација” е почеток на значајни реформи, пакет закони кои ќе ни овозможат дополни критериуми за нововработените во јавниот сектор и ќе обезбедат постојано следење на работните задачи на секој вработен,  изјави Минчев.

Тој ја нагласи важноста на новите законски решенија кои ќе овозможат построги критериуми за нововработените, поголема конкуренција и континуирана евалуација на вработените во јавната администрација. Како пример, тој посочи на укинувањето на Инспекцискиот совет, што ќе резултира со значителни буџетски заштеди и рационализација на јавните ресурси.

„Укинуваме органи согласно европските стандарди, со што правиме значителни заштеди во буџетот. Ова е само почеток на долгорочен процес на рационализација“, истакна министерот.

Осврнувајќи се на укинувањето на Балансерот, министерот истакна дека сегашните огласи се базираат на критериуми за знаење и квалитет, а правичната застапеност ќе се обезбеди со ново законско решение кое ќе биде изготвено од експертска група и консултирано со Венецијанската комисија.

„Огласите сега се одвиваат врз база на квалитет и знаење, а новото законско решение ќе ја гарантира уставната категорија на правична застапеност. Наша обврска е да обезбедиме ефикасни и квалитетни услуги за сите граѓани, без разлика на етничката припадност“, посочи тој.

Заложбата на министерството за јавна администрација е овие реформи да донесат позитивни промени во јавната администрација и да ги постават основите за долгорочен успех и ефикасност во работењето на институциите. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Променливо облачно и студено, температурите ќе одат до -7!

Следно

Бројот на загинати во пожарите во Лос Анџелес се искачи на 25, властите предупредуваат на засилен ветер

Latest from Blog

Џерард: Сега не сакам медал, се помирив и со лизгањето и дека не сум ја освоил Премиер лигата

Легендата на Ливерпул и поранешен капитен на Црвените и на Англија, Стивен Џерард, има интересен став во врска со истрагата за финансиските неправилности на Манчестер сити, во која клубот беше прогласен за

ЈАСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од еден од најмоќните луѓе во НАТО: „Ако бидат толку бедни, ќе ги уништиме“

Врховниот командант на НАТО за Европа (SACEUR) во понеделник ја предупреди Русија дека нејзините сили ќе ги уништат „сите“ вклучени во каков било напад ако Москва е „доволно лоша“ за да ја
Go toTop