Минчев: Платите во администрацијата се мали, но бараните 30 отсто додаток се премногу

January 11, 2025
1 min read

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деаноски, вчера најави дека вработени од шест министерства, како и од Државниот завод за статистика (ДЗС), во вторник ќе излезат на протест бидејќи не им се одобрени 30 проценти додаток на плата.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев не може да каже дали ќе биде исполнето барањето на вработените во дел од министерствата за 30 отсто додаток на плата. Тој во интервју за ТВ 24 не спори дека платите на вработените во јавната администрација се ниски, но смета дека сумата што тие ја бараат е преголема.

На директно прашање дали вработените во дел од министерствата ќе ги добијат бараните 30 отсто додаток на плата, министерот вели: „Не можам да дадам одговор на тоа прашање. Тоа е предмет на разговор со синдикатите во поширок контекст.“

„Јас сметам дека таа сума е преголема. Факт е дека платите во администрацијата се мали, но постојат две опции – еден колективен договор за сите, но и индивидуални колективни договори за секоја институција посебно“,изјави Минчев во интервју за ТВ 24.

На нивното барање, како што рече, може да се одговори кога ќе се обезбедат средства преку Министерството за финансии. Нагласи дека за ова е потребно време зашто затекнале големи дупки во буџетот од своите претходници и додаде дека проблемите наталожени во изминатите 30 години не може да се решат преку ноќ.

Министерот за јавна администрација информира дека имал средба со претседателот на синдикатот на УПОЗ, на која се договориле во писмена форма да ги достават своите забелешки за законите за јавна администрација со кои не се согласуваат и во втората половина на идната недела повторно да имаат средба за да разговараат за она што може да послужи за подобрување на овие законски решенија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО: Во престрелка убиен водачот на „лешинари“, добро познат на јавноста

Следно

Лоши вести за Македонците со бугарски пасоши

Latest from Blog

„ВРЕМЕ Е УКРАИНА ДА ДОБИЕ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ!“ Трамп повика на смена на Зеленски: „Имаше многу шанси, не искористи ниту една од нив“ (ВИДЕО)

Доналд Трамп, претседателот на Соединетите Американски Држави, отворено повика на промена во украинското раководство, велејќи дека е време Украина да добие нов претседател наместо Володимир Зеленски. Тој ја даде изјавата пред новинарите

Во Шведска е одигран најлудиот меч во историјата, паднаа 11 гола во вториот дел, а победникот беше решен во 99-та минута (Видео)

Фудбалерите на АИК и Бромапојкарна одиграа натпревар за паметење во шведскиот фудбал, во кој беа постигнати дури 11 гола во второто полувреме. Гостите на крајот славеа со неверојатни 5-6, иако во финишот
Go toTop