Минчев на средба со амбасадорот на Црна Гора

March 18, 2026
1 min read

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со амбасадорот на Црна Гора во Република Македонија, Зоран Миљаниќ.

На средбата беше истакната заедничката заложба за продлабочување на билатералната соработка со Министерството за јавна администрација на Црна Гора, со посебен акцент на реформите во јавната администрација и развојот на административните капацитети.

Соговорниците нагласија дека постои значителен потенцијал за унапредување на партнерството во области кои директно придонесуваат кон модернизација, ефикасност и квалитет на јавните услуги.

Во тој контекст, беше разговарано за можностите за развој на заеднички иницијативи насочени кон поттикнување иновации во јавниот сектор, размена на искуства и добри практики, како и примена на современи алатки и пристапи во управувањето со институциите.

Дополнително, беше потенцирана важноста од континуирано стручно усовршување на јавните службеници преку развој на современи програми, обуки и други форми на професионален развој.

Потсетуваме дека минатата година беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу двете министерства, кој претставува цврста рамка за натамошно унапредување и продлабочување на меѓусебната соработка.

Воедно, беше истакната поканата за учество на министерски состанок посветен на реформата на јавната администрација, кој ќе се одржи на 21 април во Будва, Црна Гора, во рамки на конференцијата за Берлинскиот процес, на која учество ќе земе и министерот Минчев.

Двете страни изразија подготвеност за интензивирање на заедничките активности, со посебен фокус на развој на човечките ресурси и градење модерна, ефикасна и професионална јавна администрација.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Голем „пех“ за ПСЖ: Баркола сериозно повреден, ќе ги пропушти четвртфиналните дуели во ЛШ

Следно

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Latest from Blog

ВРЕМЕ Е ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ, порачаа шефовите на дипломатиите на Германија и Франција

Германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул и неговиот француски колега Жан-Ноел Баро оценија во Берлин дека е време Европската Унија да преземе нови чекори во насока на проширување, објавија германските медиуми.

Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени

Голем „пех“ за ПСЖ: Баркола сериозно повреден, ќе ги пропушти четвртфиналните дуели во ЛШ

фото: Fabrizio Romano @FabrizioRomano (X) Крилниот напаѓач на ПСЖ, Бредли Баркола, кој вчера постигна прекрасен гол на мечот со Челзи во ЛШ, се повреди во второто полувреме. Францускиот фудбалер беше заменет во

ИФТАРСКА ВЕЧЕРА ОРГАНИЗИРАНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЊАНОВСКИ

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, организираше ифтарска вечера, воочи големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. На вечерата присуствуваа битолскиот муфтија Амит Расими, заедно со дел од членовите на битолското муфтиство, претседателeлот на
Go toTop