Минчев на панел сесија во Тирана: „Реформи за поефикасна јавна администрација и подобри услуги за граѓаните“

March 6, 2025
1 min read

Министерот за јавна администрација Горан Минчев учествуваше на панел сесија на тема “Perspective of Local Government Reform and EU Integration”, како дел од конференцијата SYNERGY, во организација на Western Balkans Fund, а во соработка со Јапонската амбасада во Албанија и International Visegrad Fund. Настанот, кој се одржа во Тирана, беше фокусиран на реформите за унапредување на локалната самоуправа и подобрување на ефикасноста на јавната администрација.

Во своето обраќање, Минчев истакна дека јакнењето на локалната администрација е еден од клучните приоритети на Владата, бидејќи професионална, ефикасна и автономна локална администрација значи подобри јавни услуги за граѓаните и поголема доверба во институциите.

Тој нагласи дека во првите месеци од мандатот Владата презеде конкретни чекори за подобрување на управувањето со локалните самоуправи, вклучително и потпишувањето на Меморандумот за соработка со ЗЕЛС, со кој општините за првпат добија директна улога во креирањето на законските решенија за јавната администрација.

Министерот Минчев истакна и дека Владата издвои 245 милиони евра за поддршка на општините, средства што ќе се користат за подобрување на административната и јавната инфраструктура, вклучително:

• модернизација на општинските административни капацитети,

• дигитализација на локалните услуги за побрзи и потранспарентни постапки,

• изградба и реконструкција на училишта, градинки, спортски сали,

• подобрување на водоводните и канализациските системи.

„Ова е најголемата инвестиција во локалната самоуправа во историјата на нашата држава, која директно ќе ја зајакне ефикасноста на локалната администрација и ќе ги подобри услугите за граѓаните“ – истакна тој.

Говорејќи за предизвиците во подобрувањето на јавната администрација, вклучувајќи и на локално ниво, министерот Минчев ги истакна следните реформи што Владата ги презема за јакнење на капацитетите и транспарентноста во локалното управување:

• Реформа на законодавството – измена на Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, со цел обезбедување јасни критериуми за вработување, унапредување и отчетност во локалната администрација.

• Јакнење на човечките ресурси – воведување на специјализирана континуирана обука за административните службеници преку Академијата за обука на јавната администрација, со што ќе се подобрат нивните вештини и капацитети за квалитетно управување со општините.

• Зголемена транспарентност и отчетност – зајакнување на механизмите за надзор и ревизија, со цел подобра контрола врз трошењето на јавните средства и намалување на ризикот од злоупотреби во локалната администрација.

Министерството за јавна администрација останува посветено на спроведување на овие реформи, кои ќе обезбедат модерна, ефикасна и транспарентна јавна администрација, во служба на граѓаните.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Свечена церемонија: Гаши го пречека претседателот на хрватскиот Сабор Јандроковиќ

Следно

Хамас: Заканите на Трамп го комплицираат прекинот на огнот, го охрабруваат Израел да се повлече од договорот

Latest from Blog

БулМак 2016 го честиташе Денот на рударите: „Вашиот труд заслужува длабока почит“

Компанијата „Булмак 2016“ упати честитка до рударите по повод 28 август – Денот на рударите, изразувајќи почит и благодарност за нивната пожртвуваност, храброст и секојдневна работа во тешки услови. „Честит Ден на

Коњановски со честитка за Голема Богородица: „Нека мирот, спокојството и радоста бидат во нашите домови“

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, упати честитка до граѓаните по повод големиот православен празник Успение на Пресвета Богородица, познат и како Голема Богородица. Во својата објава Коњановски им посака на граѓаните добро

Македонската берза со неделен промет од 32,91 милиони денари, Комерцијална банка најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Во периодот од 24.08.2026 до 27.08.2026 година, вкупниот промет на сите пазарни сегменти изнесуваше 32.907.505 денари, од кои

Премиерот Мицкоски во Осоговскиот манастир: „Верата и достоинството нè обединуваат“

Премиерот Христијан Мицкоски во четвртокот, на 27 август, го посети манастирот „Свети Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка, каде што присуствуваше на Божествената литургија по повод претпразненството на Успението на Пресвета Богородица. Литургијата
Go toTop