Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ гради силна релација со САД, партнерството е од важен национален интерес

November 6, 2024
1 min read

Сметам дека големата излезеност на гласачите најавуваше убедлива победа. Она што претходно беше најавувано како изедначена трка можеби беше претпазливост на некои анкетарски куќи, или од нивна страна некои сакаа да бидат и политички коректни, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на вечерашното гостување на МТВ каде имаше дебата за актуелната тема изборите во САД и победата на Доналд Трамп.

Исто така Милошоски додаде дека Трамп добил апсолутна победа, огромна доверба од граѓаните и дека има сериозна задача и одговорност кон граѓаните во САД.

-Гледам дека самата разлика не само по број на електорски гласови туку и по гласовите добиени од граѓаните, господинот Доналд Трамп како нов претседател доби сериозно мнозинство.Истото се повторува и во Конгресот и во Сенатот и ќе има една сериозна власт и одговорност, изјави Милошоски.

Милошоски напомена дека актуелната македонска Влада е во блиски релации со членови од тимот на Трамп, така што партнерството со САД е од важен национален интерес.

-Сметам дека актуелната Влада во Македонија има една предност. Предноста е што постојат и лични познанства пред да се стапи на било каква должност. Во тимот на Трамп и премиерот Мицкоски и министерот за надворешни работи Муцунски и други нивни сооработници имаат лични познанства со добар дел од луѓето кои што се блиски во кругот на опкружувањето на Трамп, дециден е Милошоски.

Милошоски дополнително додаде дека од средбите кои што ги воспоставил премиерот Мицкоски со Лутник и останатите соработници се разговарало за проекти. Тој нагласи и дека проектите се од стратешки интерес и ќе овозможат дополнителен развој на нашата економија и зголемување на животниот стандард на граѓаните.

-Сметам дека од она што го имаме добиено како брифинг е добро што за време на посетата на Лутник и други соработници кои имаа средба со премиерот Мицкоски веќе разговарале за можни проекти, кои што би биле од заеднички стратешки интерес, во областа на економијата, енергетиката, дигитализацијата и други можни взаемни билатерални проекти кои што би биле корисни за Македонија, корисни за регионот, би имале поддршка и би биле корисни за САД, заклучи Милошоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои ќе ја потврдат успешноста на владините политики

Следно

ЛШ: Интер го победи Арсенал, Барселона ја декласира Црвена Звезда

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop