Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови во Македонија

December 7, 2025
1 min read

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот одбор на партијата Антонијо Милошоски денеска истакна дека Договорот за стратешко партнерство со Британија, не предвидува и изградба на бегалски кампови во Македонија. Со тоа, тој ги негира пишувањата во британските медиуми дека азиланти од Велика Британија ќе престојуваат во земјава.

Тој потенцира дека Договорот е еден од подобрите и посериозните документи кои земјава ги постигнала со сериозна држава како Британија и предвидува заедничка соработка во инвестиции, инфраструктура, безбедност и економија, но не и бегалски кампови.

– Со овој Договор за стратешко партнерство предвидени се одредени средства со кои во Македонија ќе се гради инфраструктура. Точно, ќе се градат железници, автопати, ќе се градат здравствени и енергетски инфраструктурни проекти, но, за жал на опозицијата која се обидува да спинува, нема да се градат какви било бегалски кампови. Британија откако излезе од Европската Унија, со сите земји од Западен Балкан, но и со самата ЕУ случува вакви договори, каде што Британија ја враќа легалната основа на Фронтекс, таму каде што Македонија и земјите членки и земјите кандидати на ЕУ имаат легална основа за борба против организирана, нелегална миграција и заштита на границите, тоа го прави Британија со овој дополнителен механизам, којшто е комплементарен со Фронтекс. И на крај, нема подобар демант за ваквите спинови на некои опозициони партнери, од изјавата на британскиот амбасадор, дека британско-македонскиот стратешки договор потврдува и предвидува инвестирање во инфраструктура, во економија, безбедност и образование, но не предвидува бегалски кампови во Македонија, одговори Милошоски на новинарско прашање.

Милошоски потенцира дека сите оние кои се обидуваат оваа тема и понатаму да ја спинуваат, очигледно имаат недостаток на визија и на проекти кои би ги понудиле како Македонија да има постабилни партнери и држави пријатели како што е Велика Британија.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

“БРЕНА Е НАЈГОЛЕМА БУДАЛА НА ЕСТРАДАТА…“ Аца Лукас е нервозен и сериозно се закрвил

Следно

Нетанјаху: Израел и Хамас се многу блиску до втората фаза од мировниот договор

Latest from Blog

Германија иницира формирање центри за враќање мигранти во трети земји

Според германскиот министер за внатрешни работи Александар Добринд, работната група, во која, покрај Германија, ќе учествуваат и Австрија, Данска, Грција, Холандија, како и Европската комисија, ќе треба да изготви план со „иновативни

Арсенал со 20 милиони евра и дефинитивно тргнува по несудениот македонски репрезентативец!

ФОТО: FK Crvena zvezda/FB Мега – талентот на Ц. Звезда, Василије Костов, иако има само 17 години е пик на речиси сите поголеми клубови во Европа. Несудениот македонски репрезентативец, детето кое по

Божиновска од СЕУ „Михајло Пупин“: Инвестициите во стручното образование се инвестиции во енергетската иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го посети Средното електротехничко училиште „Михајло Пупин“, каде што се запозна со условите во кои учениците се обучуваат за идните професии во

One Macedonia доби официјална лиценца, со што започнува значаен пресврт во дигиталната иднина на Северна Македонија

(Скопје, 23.01.2026) – One Macedonia, подружница на унгарската 4iG Групација, официјално ја доби националната лиценца за работа како трет мобилен оператор во земјата. Лиценцата денеска свечено беше врачена на церемонија организирана од Агенција за
Go toTop