Милошоски на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од ЈИЕ во Будимпешта

February 25, 2026
1 min read

Потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, на 26 и 27 февруари ќе учествува на Конференцијата на претседатели на парламенти на земјите од Југоисточна Европа, која ќе се одржи во Будимпешта, во организација на Националното собрание на Унгарија.

Станува збор за традиционален меѓупарламентарен форум што се организира од 2004/2005 година и претставува значајна платформа за политички дијалог и парламентарна соработка меѓу земјите од Југоисточна Европа. Фокусот на конференцијата е насочен кон регионалната соработка, европската интеграција и заедничкото справување со актуелните политички, економски и безбедносни предизвици во регионот.

Во рамки на официјалната агенда, на 27 февруари ќе се одржи 12-тата Конференција на претседатели на парламенти, на која ќе учествуваат спикерите и шефовите на делегации од земјите на Југоисточна Европа, како и од земјите на Вишеградската група. Централна тема на првата сесија ќе биде „Состојбата на проширувањето во регионот на Југоисточна Европа“, додека втората сесија ќе биде посветена на „Економските инвестиции и енергетските поврзувања – предизвици и можности во регионот“.

На конференцијата се предвидени обраќања на високи претставници на земјата домаќин, како и на претставници на Европската унија и меѓународни организации, по што ќе следат дискусии и излагања на учесниците. Во завршниот дел е планирано усвојување на заедничка парламентарна декларација, како и билатерални средби меѓу делегациите.

„Собранието на Република Северна Македонија редовно учествува на оваа конференција, која претставува важен дел од напорите за унапредување на парламентарната дипломатија и зајакнување на европската перспектива на регионот“, пишува во соопштението.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Финансиска поддршка за спортот: Битола распредели буџет од 3 милиони денари

Следно

Хоџа: Ја јакнеме државната контрола врз загадувачите, следи акредитирање на нашата лабораторија и за нови методи

Latest from Blog

Кинески супертанкери минаа низ Ормуската Теснина

Податоците од бродските системи покажуваат дека либерискиот танкер „Серифос“ и два танкери под кинеско знаме – „Косперл Лејк“ и „Хе Ронг Хаи“ – влегле и излегле преку алтернативна рута што го заобиколува

Комитет за човекови права на ООН: Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување на етнички Македонeц

Прекршување на повелбата за здружување на македонците во Бугарија изрече Комитетот за човекови права на ООН со што во наредните 6 месеци ќе бара одифицјална Софија да превземе мерки за исправка на

ИСТОРИЈА: Баерн Минхен со 105 голови го урна рекордот во Бундес Лигата! (ФОТО)

ФОТО:facebook.com/fcbayern.en/ Каков Баерн? Страшен, монструозен Баерн! Нека му ја мисли Реал Мадрид во среда. “Баварците“ и дефинитивно посегнуваат по 35-тата титула шампион на Германија, а вечервашниот натпревар против Ст. Паули на гостински
Go toTop