Милошоски: ДЗР гради стабилна установа и претставува пример за професионализам и интегритет

December 16, 2025
1 min read

Државниот завод за ревизија повеќе од две и пол децении гради стабилна установа и претставува пример за професионализам и интегритет. Јубилејот од 26 години е време на докажана зрелост, изјави потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, на одбележувањето на 26 години ДЗР.

Државниот завод за ревизија, посочи Милошоски, претставува пример за тоа како се гради професионална институција, којашто, истовремено е и отчетна и знае да си ги изврши своите надлежности.

– Секој што е на позиција да располага со јавни средства треба во ДЗР, доколку е добронамерен, да гледа пријател и партнер, бидејќи ако добро ги чита и применува препораките на ДЗР тогаш ниту функционерот, ниту институцијата нема да имаат поголеми проблеми и ризици. Напротив, ќе имаат само дополнителна поддршка како подобро да управуваат со јавните средства, изјави Милошоски.

Преку извршените ревизии, утврдени состојби и дадени препораки ДЗР, според Милошоски, придонесува за зајакнување на интерните контроли и унапредување на финансиското работење на институциите.

Собранието, како што посочи, има многу добра соработка со ДЗР, нагласувајќи дека на извештаите од ДЗР се гледа со висока доверба, веродостојност и кредибилитет.

– Тоа што нам ни помага како законодавен дом да ја извршуваме нашата функција, надзорна улога и контрола на извршната власт, во голем дел ни помагаат и извештаите на ДЗР, бидејќи на тој начин ние добиваме систематизиран, методолошки преглед за секоја јавна државна институција за којашто имаме интерес, изјави Милошоски.

ДЗР, нагласи Милошоски, ги оправдува и заслужува финансиите кои ги добива, бидејќи со својата работа, како што посочи, на државата и заштедува многу ресурси и таму каде што се направени одредени злоупотреби навремено ги дава индикациите за институциите да постапат. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски со детална програма за „Прилепска празнична приказна“

Следно

На Европа и се заканува „циклонска бомба“ и ледена бура

Latest from Blog

Наследник на медиумско царство во Норвешка и неговата бремена сопруга загинаа во мистеризна авионска несреќа во Гватемала

Неговата бремена сопруга Џудит Мазариегос (26) исто така загина во авионската несреќа. Семејството ја потврди смртта на двајцата за норвешкиот весник „Дагбладет“. Норвешкото Министерство за надворешни работи потврди само дека меѓу жртвите

Мицкоски: 63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 светлини што никогаш нема да згаснат во нашето сеќавање

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва, преку својот фејсбук профил, порача дека загинатите во трагедијата во Кочани засекогаш ќе останат во нашето сеќавање. -63 имиња, 63 животи што недостигаат, 63 приказни што прерано запреа,
Go toTop