Милошоски бара одговорност од нашиот амбасадор во Рим

February 15, 2024
1 min read

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, побара одговорност од амбасадорот на С Македонија во Рим, Весел Мемеди, поради тоа што, како што тврди, преку официјална нота ги известил властите во Италија дека и валидните патни исправи на македонските државјани кои се со старото уставно име се неважечки по 12 февруари 2024 година.

Милошоски објави и фотографија од документот кој Мемеди го доставил до тамошните власти.

Милошоски обвини дека испраќајќи ваков допис до италијанските власти, амбасадорот постапил спротивно на интересите и правата на околу 100 илјади македонски државјани кои живеат во Италија, особено на правото на слободно движење и на постојан престој и дозвола за работа, што се врзани со валидноста на пасошите.

Нарекувајќи го скандалозен, Милошоски оцени дека случајот е особено сериозен со оглед на тоа што, како што вели, ниту Министерството за надворешни работи ниту Амбасадата немаат право да прогласат за неважечки личен документ кој не го издале тие, туку Министерството за внатрешни работи.

Инаку, министерот за надворешни работи Бујар Османи неодамна на прес-конференција изјави дека согласно Преспанскиот договор, С Македонија нема обврска да го извести светот за престанок на важноста на личните документи со старото уставно име по 12 февруари, но дека тоа веќе го сторила официјална Атина.

Извор: alsat.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Борис Бекер се сврши со својата 23 години помлада девојка

Следно

Печалбарите преферираат кеш, а не банки за испраќање пари

Latest from Blog

Пријателски: Шпанија ја декласира Србија, Вирц донесе победа за Германија, без победник на “Вембли“!

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/ Вечерва се одиграа неколку пријателски средби на кои играа едни од фаворитите за највисок пласман на претстојното СП. Шпанија на стадионот “Керамика“ во Виљареал, очекувано ја победи Србија со убелдиви 3:0.

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот
Go toTop