Милионски станови и куќи – кој купува скапи имоти во Скопје?

March 24, 2026
1 min read

166 500 евра лани биле платени за стан во Општина Аеродром. Највисока цена за куќа во 2025 година достигнала во Општина Центар, каде се продал и најскапиотделовен простор кој чинел фантастични 6,8 милиони евра.

Ова се најновите податоци од Годишниот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности. Податоците велат дека најмногу недвижнини се продале во Општина Центар во минатата година, каде што е регистрирана и највисоката просечна цена на квадрат, од 1.692 евра, дополнително, Општина Карпош и Аеродром ја формираат тројката каде убедливо е најскап квадратниот метар за живеење. Во Карпош 1560, а во Аеродром 1420 евра.

Телоп Агенција за катастар на недвижности

„Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот изнесува 1,14 милијарди евра, што е раст од 12,9 % во споредба со 2024 година. Најголем дел од оваа вредност е остварен во четвртиот квартал односно 314 милиони евра. “

Податоците на катастарот велат дека пазарот на недвижности во 2025 година бележи значителна активност со вкупно 33.381 реализирани трансакции, што претставува раст од 7,6 % во споредба со 2024 година. Зголемен е и бројот на купопродажби, регистрирани се 23.4 трансакции, што е раст од 4 %, евидентирани се 9.9 закупи, што е зголемување за 17 %, додека вкупната остварена финансиска вредност на пазарот изнесува 1,1 милијарди евра, што е раст од 13 % во споредба со 2024 година.

Во вкупниот обем на купопродажба во текот на ланската година доминираат становите со удел од 33 отсто и дури 48 отсто од вкупната вредност ма пазарот. Податоците велат дека бројот на продадени станови е намален на годишно ниво од 4 отсто, но вредноста на продадените станови е порасната за близу 11 проценти. Куќите пак учествуваат со 13 % во вкупниот број на купопродажби. Тука пак е забележан е раст на купопродажната вредност во споредба со претходната година од 37%.

Што се однесува до закупите, лани доминирале становите, со 35 % од недвижнините, а вкупната месечна закупнина има раст од 15 % во споредба со претходната година. Закупот на деловни простори учествува со 34 % на пазарот и бележи раст на вкупната месечна закупнина од 24 % во споредба со претходната година.

Новонастаната кризна состојба со енергенсите според градежниот сектор ќе има влијание и врз цените на оваа дејнос. Неколку години по ред забележан е континуиран раст на цените на недвижностите. Иако се спомнува само стагнација а не простор за намалување на цените, тоа никогаш и не се случуваше. Сега градежниците велат дека новата криза може да дополнително да ги зголеми цените на недвижностите со образложение дека и нивните трошоци се зголемуваат.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

“Бомба“: ПСЖ сега нуди 350 милиони евра за Јамал, ако и тоа е малку ќе понуди и повеќе!

Следно

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

“Бомба“: ПСЖ сега нуди 350 милиони евра за Јамал, ако и тоа е малку ќе понуди и повеќе!

ФОТО: FC Barselona/X Вистинска “бомба“ од Париз. Имено медиумите во Франција лиферуваат вест која може тотално да го “измести“ светскиот фудбал. ПСЖ се подготвува повторно да го потресе фудбалскиот пазар на начин
Go toTop