Милиони луѓе во Куба сѐ уште се без струја

October 20, 2024
1 min read

ХАВАНА (АА) – Милиони Кубанци сѐ уште се без струја, известува Анадолу.

Извештаите покажуваат дека дефектот во електраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас што се случи во петокот остави голем дел од Куба во мрак.

Властите објавија дека по интензивни напори, напојувањето почнало да се обновува во некои области, вклучувајќи го и главниот град Хавана.

Околу 80 % од земјата сепак сѐ уште е без струја, а во некои региони имало прекин во работата кој траел и повеќе од 30 часа.

Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат дека меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Хавана е обвиен во темнина.

Во меѓувреме, претставниците на одделот за енергетика, кои се состанаа под водство на претседателот Мигел Дијаз Канел, направиле проценка на мерките за решавање на оваа криза.

Куба често се соочува со недостиг на електрична енергија поради проблемите во електраните, кои произлегуваат од несоодветното одржување на објектите кои ги изгради Советскиот Сојуз пред повеќе од 40 години.

Министерството за енергетика и рударство соопшти дека земјата годишно троши осум милиони тони гориво, од кои само три милиони тони се од домашно производство.

Економското ембарго ја принуди Куба за своите енергетски потреби најмногу да се потпира на Венецуела, Русија и Мексико.

Последниве години кубанската влада почна да изнајмува пловечки електрани за да ги ублажи застоите и да ги зголеми производствените капацитети.

Претседателот Дијаз Канел на социјалната мрежа X објави дека напорите за решавање на недостигот на електрична енергија ќе продолжат со несмалено темпо додека ситуацијата не се подобри.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ристовски: Македонскиот спорт е на катастрофално ниво и му треба ресетирање

Следно

Стеф Кари се повреди пред стартот на новата сезона

Latest from Blog

Чаир добива нова канализација и водовод – Меџити на терен

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити денеска ја посети улицата 157 во населба Гази Баба, каде што работите на инфраструктурниот проект се одвиваат со забрзано темпо. Канализацијата за атмосферски води

„Моја Кравица“ ја стартува својата прва национална наградна игра во Македонија

Бимилк со гордост ја претставува својата прва наградна игра за брендот Моја Кравица во Македонија, под слоганот „Исполни си ги желбите со Моја Кравица!“. Наградната игра ќе трае од 15 септември до

Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи

Британскиот интернет-портал „Казино-онлајн“ испита 2.000 возачи од Велика Британија, за „богатиот речник и елоквентноста зад воланот“. Прашањето гласело: Дали, како возач, пцуете и колку често го правите тоа додека возите? – Порано
Go toTop