Милиони испрани преку мазутот – каде се парите?! – Пронајдени 3 милиони, позајмица сам на себе од 1,2 милиони евра?!

March 13, 2025
2 mins read

Колку пари се испрани преку злоупотребите при набавката на мазут за ТЕЦ Неготино со кои штетата на буџетот е над 167 милиони евра. Колкав дел од колачот поделиле сега веќе осомничените тринаесетмина кои ги истражува обвинителството? Ќе се докаже ли како и каде се правеле тајните договори за поделба на колачот- ќе се открие ли трагата на парите од злоупотребите – и каде се парите?!

Сите овие прашања треба да ги одговори големата истрага на обвинителството за милионските тендери за мазутот за ТЕЦ Неготино.

Опфатени се екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство, сопствениците на РКМ чиј основач е Ратко Капушевски и сопственикот на Пуцко Петрол, Асмир Јахоски син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски. Ратко Капушевски, Адриан Муча и Ерџан Сулкоски се во притвор, а Јахоски за сега е во куќен притвор кој е обжален.

Случајот е отворен по иницијатива на поранешната Антикорупциската комисија уште на крајот на 2023 година. Истрагата на антикорупционерите откри многу сомнежи за злоупотреби.

Утврдени се состојби кои што укажуваат на сомнежи за трговија по пат на инсајдерски информации на енергетскиот пазар. Исто така утврдени се сомнежи за даночно затајување и ерозијана таканаречен солидарен данок на добивка и утврдени се сомнежи кои укажуваат на монополско и непријателско здружување на пазарот на мазут во државата“, вели Горан Трпеновски.

Но, според информации на ТВ21, сега кај Ерџан Сулковски била пронајдена значителна сума пари – неофицијално 3 милиони евра во куфери. Одземен е и неговиот луксузен автомобил. Оружје, пари, опрема е пронајдена и во куќата и канцелариите на Пуцко Петрол и семејството Јахоски.

Обвинителството откри дел од деталите за истрагата за РКМ, за Капушевски и Јахоски. За да ги “скријат” парите од матните зделки со мазутот за ТЕЦ Неготино , во периодот од декември 2021 година до април 2023 година осомничените ги пуштиле во промет, промениле и пренеле на друг со цел да се прикрие изворот на потеклото. Префрлале и ваделе кеш, извршена е и позајмица “сам на себе” на 1,2 милиони евра.

Со дел од средствата купиле две моторни возила„Mercedes Benz“, дел ги трансферирале на своите сметки во разни банки, а потоа ги подигале во готовина.Во два наврати биле префрлени средства во вкупен износ од 72.000.000,00 денари за наводно извршени работи. Осомничениот така примените парични средства, свесен за нивното потекло со цел да ја прикрие нивната локација ги трансферирал по основ на ,,позајмица’’ кон своето правно лице“, вели ОЈО ГОКК.

Но какви се злоупотреби  треба да докаже истрагата?!  Начинот на складирање, начинот на испорака и  докази за злоупотреби при набавката на мазутот. Неправилностите во набавките. Како се формирала високата цена на транспорт на мазутот. Полноќните испораки во ТЕЦ Неготино, најчесто во деновите кога цената на мазут се качува од Регулаторната комисија, а се испорачувал дериватот после полноќ по поскапа цена. Како за јавниот повик е добиена банкарската гаранција за РКМ. Квалитетот на мазутот кој се увезувал – дали е канцероген и штетен за животната средина и здравјето на луѓето. Дали цистерните испорачувале само мазут или биле дополнувани со вода. Колку се испорачало, а колку се платило и по какви цени? И најважното – каде завршиле над 167 милиони евра и кој ќе ги врати парите?!

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

ЕЛС планира да воведе специјални шкафчиња за самостојно подигање на пратки

Следно

Мицкоски денеска во „Само Интервју“

Latest from Blog

Пет клуба од Македонија пријавија учество во ЦЕВ Европските купови

Македонската клупска одбојка како никогаш досега ќе биде застапена на европска сцена следната сезона, откако дури пет клуба аплицираа за настап во ЦЕВ Европските клупски купови. Двата најдобри колективи во машка конкуренција,

Сто дена од трагедијата во Кочани: Политика наместо одговорност

Во нивната објава се наведува дека, наместо итно и соодветно делување, Собранието си земало двонеделна пауза по трагедијата, иако, според Уставот, е во постојано заседание. Надзорната расправа за случајот била изгласана дури

Над 13 илјади странци вработени во Албанија

Развојот на различните сектори на економијата и зголемената побарувачката за работна сила ја направија Албанија привлечна за странските работници. Директорката за услуги на пазарот на трудот во Националната агенција за вработување и
Go toTop