Милијарди валкани долари летаат од Хитроу до Дубаи

May 2, 2024
1 min read

Извесна Џо-Ема Ларвин и нејзиниот дечко летале од Хитроу до Дубаи со бизнис класа, носејќи седум полни куфери. Куферите биле накрцкани со милиони фунти спастрени во пачки. Ги носеле кај некој меѓународен перач на пари кој тоа го прави за солидна маржа, претворајќи ги во злато и одбрани валути. Тој им рекол дека Хитроу-Дубаи е оптимална рута.

Британија бара од патниците да пријават ако носат повеќе од 10.000 фунти, ама, толку. Куферите на овие двајца мазно минале низ скенерот на Хитроу бидејќи тој проверува само експлозиви и други опасни сусптанци.

Неколку часа подоцна, двојката го собрала нивниот багаж од аеродромот во Дубаи без никаков стрес. Во Обединетите Арапски Емирати нема лимит колку пари може да се внесат, само треба  патникот да ги пријави. Џо-Ема Ларвин пријавила дека носи 2,8 милиони долари.

Според проценките, перачите на пари секоја година внесуваат во глобалните финансиски системи над 2 трилиони долари од нелегални бизниси. Според податоците на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал и една меѓувладина агенција која развива стандарди за спречување на перење пари, патниците на меѓународните авионски линии носат кеш во вредност од стотици милијарди долари.

Портпаролот на Емирати Ерлајн на Волстрит журнал им одговорил дека откривањето на шверцот на кеш е одговорност на властите од каде потекнува готовината.

Властите во ОАЕ признаваат дека од 2020 година, Ларвин внела 125 милиони долари и е само една од трисетината редовни „инвеститори“ кои работат за перач на пари во земјата.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов обид да се намали цената на осигурителните полиси

Следно

Весна Бејби со емотивен статус по смртта на татко му на Тоше Проески

Latest from Blog

НАПАДНАТА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА: Покрената е итна истрага за инцидентот

Европската комисија истражува сајбер напад врз нејзините веб-страници, а првичните наоди укажуваат дека некои податоци можеби се украдени, објави денес ЕК. Извршното тело на ЕУ изјави дека нападот е откриен во вторник

ФОТО: Скијачката сезона на Попова Шапка продолжува!

Ски-центарот работи секојдневно со одлични услови и подготвени патеки за сите љубители на зимските спортови, информираат од Ски центарот на Попова Шапка. -Почитувани посетители, скијачката сезона на Попова Шапка продолжува! Ски центарот

Проданоски: Прилеп ја негува и развива културната сцена

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Продановски, вечерва присуствуваше на изложбата и мултимедијалниот перформанс „Оган“ на академската уметница Бојана Артиноска. Настанот се одржа во духот на современ уметнички израз, носејќи силна визуелна енергија и

Избрани се четворица обвинители во ОЈО ГОКК

Државниот јавен обвинител Ненад Савески рече дека не учествувал во интервјуата на кандидатите, но ги проучил материјалите за сите осум кандидати за обвинители во ОЈО ГОКК. Сепак, додаде дека ги познава сите
Go toTop