Милијарда евра одобрени за набавка на муниција за Украина

April 13, 2023
1 min read

Советот на Европската унија денеска во рамките на Европскиот фонд за мировна помош (ЕПФ) одобри една милијарда евра кои треба да им бидат исплатени на земјите-членки како компензација за трошоците за муниција донирана на Украина од постоечките залихи.

„Со денешната одлука го операционализираме првиот дел од историскиот договор постигнат од лидерите на ЕУ за итна испорака на артилериска муниција во вредност од една милијарда евра за украинските вооружени сили. Нема подобар доказ за заедничката определба на ЕУ да продолжи да го поддржува легитимното право на Украина на самоодбрана од бруталниот руски агресор“, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Лидерите на ЕУ на нивниот самит во март го поддржаа планот за набавка на еден милион артилериски гранати од 155 милиметри во текот на следната година.

За таа цел, од Европскиот инструмент за мировна помош беа обезбедени една милијарда евра за набавка на муниција од постоечки залихи и уште една милијарда за нарачка на муниција од калибар 155 мм за пополнување на исцрпените залихи.

Во рамките на Европскиот инструмент за мировна помош досега на Украина и е доделена помош во износ од 4,6 милијарди евра, вклучувајќи ја и денешната одлука.

ЕПФ е основана во 2021 година како вонбуџетски фонд за поддршка на партнерите ширум светот на полето на војската и одбраната, со крајна цел спречување конфликти, зачувување на мирот и зајакнување на меѓународната безбедност и стабилност. (МИА)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: Единствената цел на Приштина се провокации за да нè вовлечат во војна со НАТО

Следно

Дел од паркиралишта на „Градски Паркинг“ слободни за паркирање во петок

Latest from Blog

Проданоски: Со свечена седница и признанија го одбележавме ослободувањето на Прилеп

Со свечена седница на Советот на Општина Прилеп во НУЦК „Марко Цепенков“ беше одбележан 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот. На свеченоста беа доделени традиционалните третоноемвриски награди и признанија, а

Коњановски: Честит 4 Ноември – со благодарност кон борците ја славиме слободата на Битола

Со положување свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците, Битола денеска одбележува 82 години од ослободувањето на градот на 4 ноември 1944 година. Почит беше оддадена пред Споменикот на НОАВМ кај Центарот за

Општина Битола: Музичка вечер во Офицерскиот дом со „Полноќни приказни“

Во Офицерскиот дом во Битола синоќа се одржа слушачка промоција на „Полноќни приказни од Офицерскиот дом“, во пресрет на винилното издание. Настанот беше дел од програмата за одбележување на Денот на ослободувањето

Нешто посебно, нешто вкусно: нови медитерански вкусови во Веро

Веро маркетите продолжуваат да ја развиваат понудата на внимателно избрани производи кои потрошувачите во Македонија можат да ги најдат во нивните маркети. Под мотото „Нешто посебно, нешто вкусно!“, актуелната селекција носи производи
Go toTop