Милевски: Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата

October 9, 2024
1 min read

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски во пресрет на натпреварот со Летонија изјави дека нашата фудбалска репрезентација же се прашува за првото место во групата.

„Летонија има максимален респект од нас, но концентрацијата е на нашата игра и тоа како ќе изгледаме на терен. Потенцирам дека Македонија ќе се прашува за првото место во групата.

Ќе ни недостасуваат Зајков и Серафимов, кои имаат картони, но и Чурлинов и Трајковски, кои се повредени. Сепак, сите кои се во комбинација за настап ќе одговорат на предизвикот и на тоа што се очекува од нив.

Размислувам за повеќе опции за стартниот тим, верувам дека сите останати ќе бидат здрави и ќе се стават во функција на тимот. Пред почетокот на натпреварот ќе одлучам со кои играчи ќе настапиме“.

 

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Евакуирани седум училишта во северниот дел на Газа“, објави УНРВА

Следно

МОН: Дигиталното високо образование е задоцнето, но ќе биде приоритет

Latest from Blog

Мицкоски: Ќе одговара секој кој прави криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и ако тој глас допре до мене

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево одговарајќи на пратеничко прашање дека секој оној кој што прави какво било криминално дејство а е на раководна позиција во некоја институција и тој глас допре

Стоилковски: Предвремени парламентарни избори нема да има

Советникот во кабинетот на премиерот за комуникации и односи со јавност задолжен за координација на портпароли, Наум Стоилковски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 порача дека предвремени парламентарни избори нема да има.
Go toTop