Миленковски: Целта ни е да собереме половина милион евра

July 5, 2023
1 min read

Новата управа на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на денешната прес-конференција ја презентираше финансиската состојба и целта на акцијата за спас на „црвено-црните“.

ФК Вардар се наоѓа во тешка финансиска состојба со блокирана сметка и долгови од околу три милиони евра. Сепак предводникот на новото раководство, Милорад Миленковски од навивачката група Комити, верува дека клубот може да се „дигне“, а како прв чекор е акцијата со продажба на сезонски билети.

– Покажавме дека со нашиот ентузијазам, со единство и со нашата љубов кон клубот успеавме да го вратиме клубот во Првата лига. Следно е нашата акција која има за цел да се продадат што е можно повеќе годишни билети за следење на натпреварите на ФК Вардар со што се планира колку толку да се санира финансиската ситуација. Амбицијата ни е да собереме околу 500 илјади евра. Очекуваме поддршка од институциите во државата, навивачите на Вардар. Клубот е на народот, па затоа ги повикуваме сите скопјани и Македонци воопшто да бидат дел од најголемата спортска акција, рече Миленковски.

Акцијата на Комити доби поддршка и од фудбалерите кои веруваат дека најпосле ќе го добијат заслуженото за сè што сторија за Вардар кога му беше најтешко на клубот.

Преку купување на сезонски билети во акцијата за спас на Вардар веќе се вклучија неколку градоначалници од скопски општини. Ветување за финансиска помош Комити добиле и од Град Скопје.

Миленковски им се заблагодари на директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, како и на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и деловен простор (АДСДП) со кои имал конструктивни состаноци на кои добил ветување за бришење на камати на одредени долгови.

По отпочнување на акцијата „Купи билет за спас на ФК Вардар. Сега е време, за нешто многу поголемо!“ за неполни 24 часа собрани се околу 300.000 денари.

Сезонските билети чинат 1000 денари, и може да се купат онлајн преку страницата на „МК Тикетс“, и во живо.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Заменик-гувернерот на Џенин: Во израелските напади предизвикана штета на 80 отсто од домовите во градот

Следно

ПОЧИНА ФОТОГРАФОТ И ПИСАТЕЛ Д-Р ВЛАДИМИР ПЛАВЕВСКИ

Latest from Blog

Започна акција за спасување на делфин, кој живее среде Венеција- бродовите може да го убијат (ВИДЕО)

Неговото присуство во близина на плоштадот Свети Марко предизвика кампања за негово спасување поради опасноста од големиот бродски сообраќај, пишува The Guardian. Мимо последен пат беше виден завчера во базенот Свети Марко,

Трагична полициска потера во Бугарија: Автомобил пропадна во езеро, загинаа шест лица (ВИДЕО)

Автомобилот што слета во езерото Ваја бил регистриран во Романија и го управувал Романец. Во него имало 10 лица, вклучувајќи го и возачот, објави Euronews. Според медиумските извештаи, автомобилот „Шкода“ се движел
Go toTop