Милеј одлучи Аргентина да не влезе во БРИКС сојузот

December 30, 2023
1 min read

Аргентинскиот претседател бара засилени билатерални односи и средба со сите лидери на државите-членки на економскиот сојуз БРИКС

Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеј, одлучи неговата држава да не се приклучи на блокот на економии во развој БРИКС – одлука во рамките на драматичната промена во надворешната и економската политика екстремиот десничар.

Во писмо упатено до лидерите на Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка, членки на алијансата БРИКС, Милеј рече дека моментот не бил поволен за Аргентина да се приклучи како полноправна членка.

Писмото е со датум од 22 декември, но аргентинската влада го објави во последниот работен ден од 2023 година.

Аргентина беше меѓу шесте земји поканети во август да се приклучат на блокот составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

Потегот доаѓа во време кога Аргентина е зафатена од продлабочувањето на економската криза.

Милеј во писмото упатено до Луис Инасио Лула Да Силва во соседен Бразил и останатите лидери на полноправните членки на БРИКС, Си Џинпинг од Кина, Наренда Монди од Индија, Владимир Путин од Русија и Матамела Рамафоса од Јужна Африка, предложил да се „интензивираат билатералните врски“ и да се зголемат „трговските и инвестициските текови“, како и покана да се сретне со секој од петте лидери.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Арсовска на увид: Започна изградбата на новопроектираната улица 4 во Карпош

Следно

Американската влада повторно „итно му продава оружје“ директно на Израел без барање одобрение од Конгресот

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop