Милановиќ по средбата со Мицкоски: Европската унија е неправедна кон Северна Македонија

August 29, 2024
1 min read

Европската унија е неправедна кон Северна Македонија. Македонците досега исполнија бројни барања кои се бараа од нив за да ги забрзаат преговорите и влезот во Европската унија, но и покрај тоа и понатаму се далеку од членство. Сето тоа покажува дека ЕУ нема искрен и чесен однос кон Северна Македонија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој денеска имаше средба со премиерот Христијан Мицкоски кој е во прва официјална посета на Хрватска.

На средбата, како што информираше Кабинетот на претседателот Милановиќ, потврдено е дека Хрватска и понатаму ќе биде силен поддржувач на Северна Македонија на патот кон Европската унија и ќе се залага за влез во Унијата, јави извстувачот на МИА.

Претходно, како што јави известувачот на МИА од Загреб, иста порака упати и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На прес-конференцијата по средбата со премиерот Мицкоски, хрватскиот премиер рече дека во изминатите 20 години имаше многу неправди кон Северна Македонија и дека е созреано времето кога сето тоа треба да се респектира.

-Темата која го оптеретува европскиот пат на Северна Македонија по наше мислење е неправедна кон македонскиот народ, македонскиот идентитет. Мислам дека толку остапки се направени од македонска страна што ретко кој народ и држава би прифатила да направи толку исчекори од своја страна за да го забрза својот пат кон членството во Европската унија, изјави Пленковиќ, додавајќи дека треба заеднички да се работи на тоа преговорите за пристапување на Северна Македонија кон ЕУ да започнат што поскоро.

Премиерот Мицкоски рече дека неправдата што ни е е нанесена во изминатите две и пол децении е голема и дека имаме направено отстапки како никој друг на патот кон ЕУ, тргнувајќи од привремената рефренција на името на државата, преку менувањето на знамето и банкнотите, до промената на името на државата со Преспанскиот договор.

– Ние имаме многу внатрешни проблеми и тие ќе ги решаваме и тука не треба да има дилема, ќе работиме колку е потребно. Тоа што не зависи од нас е токму почетокот на преговори. Тоа за жал зависи и од други. Ние направивме доволно сега треба некој да ни ја подотвори врата за да можеме да влеземе во таа просторија за да почнеме да преговараме и да покажеме колку можеме, истакна Мицкоски.

На прес-коинференцијата тој рече дека ние се уште сме во еден вртлог во којшто нема извесен крај, иако желбата на македонските граѓани да бидат дел од семејството на Европската Унија е голема.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Босна и Херцеговина: Сè поголема побарувачка за странска работна сила

Следно

Мицкоски на средба со иселениците во Хрватска и посета на црквата Св. Злата Мегленска

Latest from Blog

Меџити: Чаир слави балкански шампион, ШКУПИ освои три медали во Хрватска

Од Хрватска пристигнуваат убави вести за Чаир. Борачите на клубот ШКУПИ постигнаа одличен успех на Балканското првенство во Копривница, освојувајќи три медали. Харун Мемеди стана балкански шампион во категоријата до 38 килограми,

Нов скандал на амбасадорката на Трамп во Грција, се појавија нејзини пораки: Уплати 100.000 на мојата АМЕКС

Кимберли Гилфојл, амбасадорка на САД во Грција, поранешна свршеница на Доналд Трамп помладиот и едно од луѓето блиски до семејството Трамп, упати необично барање до донатор на Трамп додека се подготвуваше за
Go toTop