Милановиќ: Ако Русија и САД не се договорат, ќе следи Трета светска војна

January 26, 2023
1 min read

Милановиќ предвидува дека војната во Украина ќе трае додека „Москва и Вашингтон на некое место не го договорат нејзиниот крај“, што е „страшно, тешко и далечно“

Испраќањето западни тенкови во Украина ќе ја продолжи војната во оваа земја, а доколку Вашингтон и Русија не се договорат, ќе следи Трета светска војна, изјави денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, пренесе Хина.

Украина вчера доби големо засилување на своите копнени сили откако Германија и САД соопштија дека ќе испратат тенкови во Киев.

„Војната ќе продолжи. Сите тенкови, и руски и американски, горат на ист начин, а во нив седат луѓе кои или умираат или бегаат“,

им рече Милановиќ на новинарите.

Милановиќ предвидува дека војната во Украина ќе трае додека „Москва и Вашингтон на некое место не го договорат нејзиниот крај“, што е „страшно, тешко и далечно“, додаде хрватската агенција.

Во тие разговори нема да бидат прашани „Загреб, Берлин, Париз, Брисел“, а ако тие не се одржат, светот полека ќе се движи кон Третата светска војна, предупреди хрватскиот претседател.

Милановиќ ја критикуваше шефицата на германската дипломатија, Аналена Баербок, која во Советот на Европа рече дека европските земји треба да бидат обединети и да престанат да се обвинуваат меѓусебно бидејќи Европа војува против Русија, а не една против друга.

Милановиќ вели дека досега „не видел вакво лудило“ и дека не знаел дека Европа војува со Русија.

„Можеби Германија е во војна со Русија. Со среќа нека им е овој пат, нека заврши подобро од пред 70 години, но ние не сме во војна со никого. Од неа дознаваме дека сите сме во војна со Русија. Не сме ние, тоа е Америка, ние сме обични пиони“, рече тој.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Забрана за влез на одредена личност во земјата е во доменот на националната безбедност, вели извор од ЕУ

Следно

Јапонија лансираше сателит со кој ќе ја надгледува Северна Кореја

Latest from Blog

Тоневски: Пробиштип со подобри услови за итни медицински интервенции

Две нови, современо опремени амбулантни возила пристигнаа во ЈЗУ Здравствен дом „Нада Михајлова“ во Пробиштип, информира градоначалникот Тони Тоневски. Според него, возилата ќе придонесат за подобри услови за работа на службата за

Николоски: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во коридорите 8 и 10, Македонија ќе стане вистинска крстосница на Балканот

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска се обрати на 23. Виенски економски форум, каде што ја истакна важноста на регионалната економска соработка, заедничкиот настап на европскиот пазар и

Критичните суровини стануваат европски приоритет, потребни се нови инвестиции и модерно рударство

Европската Унија ја засилува финансиската поддршка за обезбедување критични суровини, препознавајќи ги како основа за идниот индустриски, енергетски и безбедносен развој на континентот. Како дел од измените на буџетот за периодот 2028–2034

Николоски во Виена: Економската соработка и стратешките инфраструктурни проекти во фокусот на 23. Виенски економски форум

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски e во работа посета на Виена, Австрија, каде учествува на 23-от Виенски економски форум. Оваа година Виенскиот економски форум се реализира под мотото “ Виенски дијалог

Проданоски: Граѓани и волонтери се обединија во акција за позелен Прилеп

Околу 500 садници беа засадени во близина на манастирот „Св. Димитриј“ кај прилепското село Селце, во акција организирана од Здружението „Сина револуција“, со поддршка од компанијата „Бехтел ЕНКА“. Во акцијата, организирана по
Go toTop