Место лесна победа, Реал се спасуваше од пораз кај Елче (ВИДЕО)

November 23, 2025
1 min read
фото: Elche Club de Fútbol (X)

Реал Мадрид одигра само 2:2 на гостувањето кај Елче во вечерашниот последен натпревар од 13. Коло на шпанската Ла Лига. Иако гостите беа фаворити, на крајот се спасуваа од пораз.

Во 17-тата минута беше видена првата сериозна можност, во режија на Елче. Мир се најде во добра позиција, но неговиот обид беше одбранет од Куртоа.

Попрвите 45 минути немаше гол, па на прв погодок се чекаше се до стартот на второто полувреме, кога домашните преку Фебас дојдоа со 1:0. Откако го примија голот, гостите тргнаа со сите сили да израмнат, што и го постигнаа во 78-та минута од натпреварот. Хујсен постигна гол за 1:1.

Сепак, во 84-тата минута од натпреварот се случи вистински шок. Родригез постигна феноменален гол, со што домашниот тим поведе повторно, овојпат со 2:1. Само три минути подоцна, следеше нов кам-бек на Реал Мадрид. По слободен удар и нова гужва во шеснаесетникот, Белингам постигнува гол за резултат 2:2.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Како да го одмрзнете ветробранско стакло на автомобилот во зима?

Следно

„Бев 5 часа жив закопан и сепак преживеав“- потресна исповед на човек кого го прогласиле за мртов

Latest from Blog

Мицкоски: Дебакл за СДСМ, изборните резултати се потврда дека изиграната доверба има последици

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека денешниот изборен ден од повторените локални избори помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. Тој посочи дека граѓаните слободно и одговорно го остварија своето право

ЧУДНА НАВИКА ИЛИ ТАЈНА ЗА ЗДРАВ СОН? Зошто бебињата во Скандинавија спијат надвор

Во градовите на северна Финска, како Оулу, родителите и понатаму практикуваат нешто што за многумина звучи неверојатно – ги оставаат своите бебиња да спијат надвор во колички дури и во зима, на
Go toTop