Месото и млечните производи поскапеа за 30, а со „новогодишната кошничка“ попустот е само 10 отсто

December 17, 2024
1 min read

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 изјави дека кошничките на владата не даваат резултати и претставуваат манипулација со граѓаните. Според неа, цените на основните продукти веќе се покачени, а инфлацијата за ноември достигна 4,3%. Тренчевска истакна дека покачувањето на цените на зејтинот, млечните производи, месото и јајцата за 30% не е исправено со намалувањето од 10%, бидејќи нивото на цените останува повисоко отколку пред да се случат поскапувањата.

„Со оваа политика власта покажува грижа само за трговците, а не за граѓаните. Ако навистина се грижите за народот, треба да го прифатите законот за зголемување на минималната плата од 27.000 денари, а во март да зборуваме за 30.000 денари“, нагласи Тренчевска.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОДЗЕМЕНИ ИМ СЕ ПАСОШИТЕ: Мерки за претпазливост за четири лица во случајот Лотарија

Следно

Кривичен суд ќе одлучува за притвор за Груби и Бајрами, одземени пасошите на другите четворица

Latest from Blog

Усвоена Стратегијата за образование 2026-2032

Министерството за образование и наука информира дека е усвоена новата  Стратегија за образование 2026-2032 и Акцискиот план за нејзина имплементација. -Стратегијата во изминатите неколку месеци е изработена преку широка дискусија, со учество на бројни
Go toTop