Мерките на Владата за намалување на цените неуспешни, граѓаните утре на бојкот

January 29, 2025
1 min read

„Поединечни трговци и трговски ланци се однесуваат неодговорно заработувајќи преку енормни цени на производи кои ги плаќаат граѓаните. Ова меѓу другото го разбирам и како напад врз сопствената држава, граѓаните и заедничкиот интегритет, признава премиерот Мицкоски.

Мицкоски е свесен дека растот на цените ја нагласува потребата за одлучна, одговорна и транспарентна акција.

„Во духот на солидарноста, го разбирам повикот за бојкот на маркетите, како чин на граѓански отпор против монополското однесување и општествената неодговорност на поединечни трговци“.

Со тоа премиерот Христијан Мицкоски потврдува дека мерките на Владата не даваат резултати и дека најавите за засилени мерки кон трговците со кои им се закануваше, се само празни зборови.

Од една страна признава дека имал јасни сознанија дека одредени субјекти на шпекулативен начин се обидуваат да генерираат огромни профити на грбот на граѓаните, а од друга не презема нништо.

„Ова е неприфатливо и нема да биде толерирано!“ по кој знае кој пат тврди премиерот.

Како чин на посветеност кон решавање на проблемите тој денеска остварил средба со Комисијата за заштита на конкуренцијата, со Министерот за економија, Заменик министерот за економија и Директорот на пазарната инспекција.

„Наложив засилени контроли и итна реакција на терен.“ !!!!

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски најави ригорозна контрола на маркети: Ќе сториме сè како Влада да го заштитиме стандардот на граѓаните

Следно

Касами со критика кон Стоиљковиќ: Не може во министерство да се прима човек кој е на црната листа на САД

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред
Go toTop