Менуваат тренери на два месеци: Овиедо го отпушти и Карион

December 14, 2025
1 min read
фото: Real Oviedo (X)

Луис Мигел Карион доби отказ од позицијата тренер на шпански Овиедо.

Шпанскиот тренер веќе го водеше клубот во сезоната 2023/24, но се врати на кормилото пред неполни два месеци, потпишувајќи договор до крајот на сезоната.

„Сините“ победија само на два натпревари оваа сезона и поминаа два и пол месеци без победа во сите натпреварувања. Денес, Овиедо загуби со 4-0 од Севиља во 16-тото коло од Ла Лига, што беше и причина Карион од вечерва да си бара нова работа.

„Реал Овиедо им се заблагодарува на Луис Карион и на неговиот тим за нивната посветеност, професионализам и напорна работа во клубот и им посакува се најдобро во нивните идни кариери“, се вели во соопштението на Овиедо.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Автобус со ученици паднал во провалија во Колумбија, најмалку 12 загинати

Следно

Пренџов: Со изградба на автопатишта и брзи железници се придвижува македонската економија

Latest from Blog

Телеграф: Велика Британија би можела да испрати илјадници дронови на Блискиот Исток

Воените претставници истражуваат дали системот за пресретнување на дронови „Октопус“, што се произведува во Велика Британија за потребите на Украина во војната против Русија, би можел да се користи и за зајакнување

Почна да се гради уште еден објект – нова зграда за администрацијата на Општина Тетово што ќе чини речиси 1,4 милиони евра

До зградата на Општина Тетово неделава почна да се гради уште еден објект за општинската администрација. Станува збор за објект за кој општината треба да плати речиси 1,4 милиони евра. За да
Go toTop