Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

February 9, 2026
1 min read

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“.

Овој простор е наменет за трајно одбележување на жртвите од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“.

Локацијата што е доделена за ова спомен-обележје зафаќа површина од 1.035 квадратни метри и се наоѓа помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

Предвидено е меморијалот да има максимална висина до три метри, иако претходно ваков објект не бил опфатен во урбанистичките планови.

Со добиената одлука, здружението добива можност да започне со активности за уредување на просторот без потреба од класична градежна дозвола.

Во наредниот период ќе се работи на прибирање на потребната документација, како и на обезбедување финансиски средства преку донации, поддршка од компании и хуманитарни настани.

Членови на ЗГ „16 март 2025 Кочани“ посочуваат дека целта е меморијалот да биде изграден во најкус можен рок и да претставува достоинствено место за сеќавање.

Во почетната фаза ќе се поднесе барање до Министерството за култура за одобрување на идејно решение, инспирирано од симболот на бесконечноста.

Проектот предвидува уредени патеки, амбиентално осветлување, клупи, фонтана, статуа на Богородица, како и камени плочи со имињата на 63-те жртви.

За реализација на идејното решение е најавена финансиска поддршка од Владата во износ од два милиони денари, а дополнителни средства за спроведување на проектот ќе се обезбедуваат преку хуманитарни активности.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Следно

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop