Мелони: Не верувам дека САД ќе го нападнат Гренланд

January 9, 2026
1 min read

Италијанската премиерка Џорџија Мелони изјави денес дека не верува оти САД би употребиле воена сила за анектирање на Гренланд, предупредувајќи дека таков потег би имал сериозни последици за НАТО.

На традиционалната новогодишна прес-конференција, Мелони додаде дека е потребно „сериозно и значајно“ присуство на НАТО во арктичкиот регион, вклучително и во Гренланд.


„Сè уште не верувам во хипотезата дека САД би започнале воена акција за преземање на контролата врз Гренланд, опција што очигледно не би ја поддржале“, рече Мелони.

„Верувам дека тоа не би било во ничиј интерес. Не мислам дека би било во интерес ниту на Соединетите Американски Држави, да бидеме јасни“, додаде италијанскиот премиер. 


Американската воена операција со која беше соборен лидерот на Венецуела повторно ги разгоре загриженостите за намерите на САД кон Гренланд. Белата куќа во вторник објави дека САД разгледуваат повеќе опции за преземање на Гренланд, вклучително и употреба на воена сила.


Извор: tv21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Координиран грчко-бугарски антимакедонски напад

Следно

Алкалоид, Комерцијална банка и Стопанска Банка најтргувани на денот

Latest from Blog

Меџити: Пешачки и велосипедски патеки за поголема мобилност на „Ферид Мурад“

Работите на улицата „Ферид Мурад“ продолжуваат со стабилна динамика, а проектот добива јасна форма на терен, кои денес одблизу ги проследи градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити. Досега се поставени и

Страмер: Уморен сум од влијанието на Трамп и на Путин врз трошоците за енергијата во мојата држава

Стармер, во интервју за Ај-Ти-Ви, рече дека порастот и падот на цените на енергенсите зависат од постапките на лидери како што се американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин. „Уморен

27.000 лица одбиени на влез во ЕУ поради нов систем за гранична контрола

Од моментот кога минатата година во октомври започна постепеното воведување на новиот систем за гранична контрола во Европската Унија, на повеќе од 27.000 лица им е ускратен влез во блокот, информираше денеска
Go toTop