Мексико: При уривање на покрив на црква загинаа девет лица, а десетици се заробени под урнатините

October 2, 2023
1 min read

СИУДАД МАДЕРО (АА) – Најмалку девет лица загинаа, а 30 останаа заробени под урнатините по уривањето на покривот на црквата „Санта Круз“ во Сиудад Мадеро во Мексико, пренесува Анадолу.

Несреќата се случи вчера во текот на неделната миса, при што се повредени околу 50 лица, соопшти власта.

До доцна во ноќта спасувачките екипи ги пребаруваа урнатините во потрага по преживеаните. Во спасувачките активности им помагаат и кучиња.

Државната полиција соопшти дека во моментот на уривањето на покривот во црквата имало околу 100 лица.

Се верува дека уривањето на црковниот покрив е предизвикано од „структурен дефект“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). .

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Промоција на „Сè што би сакал да знаев порано“ и „Јас и Ти“ од Коста Петров

Следно

Џекпотот на Виделотарија касинос Австрија, Супер милионер џекпот е во зона на паѓање

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop