Меѓународна потерница по Арбен Ахметај, доскорешен вицепремиер во владата на Еди Рама

July 24, 2023
1 min read

Ахметај служеше и како министер за финансии и министер за реконструкција по катастрофалните земјотреси кои ја погодија Албанија во 2019 година. Последната функција му беше пратеник од Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама

Се гони поради сомнежи за корупција, перење пари и прикривање на имот, а во врска со доделени концесии за третман на отпад. Албанскиот парламент одобри негово апсење, но тој веќе ја напуштил земјата

Албанските власти издадоа меѓународна потерница по поранешниот вицепремиер и министер во неколку влади во соседна Албанија, Арбен Ахметај. Чекорот следи откако на Ахметај му беше одреден притвор, но полицијата не успеа да го најде на територија на земјата. Каде е точно не се знае, туку само се шпекулира.

Арбен Ахметај во парламентот на Албанија

Последната функција на Ахметај беше пратеник од редовите на Социјалистичката партија на Еди Рама. Тој лично важеше за близок соработник на албанскиот премиер. На 14 јули Комисијата за мандатни прашања во албанскиот парламент се согласи да му го симне имунитетот за Ахметај (според некои извори и да му го одземе пратеничкиот мандат), со што се создадоа услови тамошното Специјално обвинителство да продолжи со прогонот против политичарот. Првичниот налог за апсење беше издаден веднаш откако парламентот даде зелено светло.

Ахметај е соочен со обвинувања за корупција, непријавување на имот и перење на пари. Истрагата ја води Специјалната Антикорупциска Структура (СПАК). Според СПАК, Ахметај „соработувал“ со двајца бизнисмени, Клодиан Зото и Мирел Мертири, кои успеале да добијат концесии за третман на отпад во Елбасан, Фиер и Тирана. Ахметај влијаел на постапките за концесија, за што обвинителството се сомнева дека добил и награда.

Според одбраната на Ахметај, пак, на обвинителите им недостасувала документација и образложение за побараните налози за претрес и мерки за безбедност. Тие ја ставаат под знак прашање неопходноста на таквите мерки.

Ахметај избегал пред апсењето

Неофицијалните информации говорат дека Ахметај ја напуштил Албанија преку Грција. Неговите адвокати потврдуваат дека имаат комуникација со него. Според дел од албанските медиуми тие одбивале да ја откријат неговата локација, додека други медиуми пренесуваат став на одбраната дека Ахметај е кај ќерка си, во Лондон, Англија. Други информации, пак, говорат дека тој можеби е во Канада, според сигналот од неговиот мобилен телефон. Каде и да е, извесно е дека нема намера да се врати во земјата и да се брани лично пред суд.

Поранешниот вицепремиер досега отфрлаше каква било поврзаност со бизнисмените Зото и Мертири, главните добитници на концесиите. Спротивно на ова тврдење, истрагата утврдила барем шест случаи на корупција, вклучувајќи купување на имоти во вредност од 440 000 евра. Зото и Мертири потрошиле и над 30 000 евра на скапи патувања и хотелско сместување за Ахметај и негови блиски соработници. Пронајдени се електронските писма кои ги разменувале со луксузни хотели низ Европа, а кои кореспондираат со патувањата во странство на вицепремиерот.

Ахметај е проминентен албански политичар кој со години служеше на позиции близу до премиерот Еди Рама. Беше министер за економски развој, министер за финансии, министер за реконструкција по земјотресите во 2019 година, а беше вицепремиер во периодот 2021-2022 година.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Aко замине во Саудиска Арабија Мбапе ќе заработува по 1,9 милиони евра ДНЕВНО!

Следно

ПСЖ ја прифати рекордната понуда на Ал Хилал, на ред е Мбапе

Latest from Blog

ИЗИР: Македонија не смее да ја пропушти шансата за економски развој преку одговорно искористување на минералните ресурси

Додека европските земји вложуваат значителни средства во геолошки истражувања и откривање нови наоѓалишта на минерални суровини, во Македонија значајни рударски проекти со години остануваат во неизвесност. Примерот на Шпанија, која вложува 197

Николоски: Со третиот оператор очекувам значително пониски цени на мобилните услуги

Македонија е меѓу земјите во кои се планира воведување директно сателитско поврзување со мобилни телефони преку „Старлинк“, најави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во интервју за „360 степени“ на МРТ

Шпанија систематски ги бара минералните богатства, Иловица останува едно од најзначајните наоѓалишта во Македонија

Шпанија планира да истражува 100.000 квадратни километри територија од воздух за да добие попрецизна слика за минералните ресурси скриени под земјата. Програмата, која опфаќа три геолошки зони во западниот и јужниот дел

Македонија меѓу најповолните за купување храна: Цените значително под просекот на ЕУ

Купувањето храна во Европа може да чини повеќе од тројно, зависно од земјата во која се полни кошничката. Швајцарија има највисоки цени меѓу анализираните земји, додека Македонија е меѓу најевтините, покажува анализата
Go toTop