Медведев се повреди – нема да ја брани титулата во Ротердам

February 5, 2024
1 min read

По поразот во финалето на Австралија опен, во кое водеше со 2:0 против Јаник Синер, Данил Медведев (Русија) објави нова лоша вест за своите фанови.

Тој и понатаму се мачи со повредата која ја доби во Мелбурн и не е во можност да ја брани титулата во Ротердам.

-За жал, морам да се повлечам од турнирот во Ротердам. По неверојатно напорниот и долг настап во Австралија, моето тело (особено десната нога) не закрепна доволно за да можам да ја бранам титулата. Сакам да играм во Ротердам, долго време настапувам таму и веќе се радувам на моето враќање во 2025 година, објави рускиот тенисер.

Медведев минатата сезона го освои АТП Ротердам, токму по победата над Јаник Синер.

Поради повлекувањето, Медведев ќе загуби 500 бодови на АТП-листата, каде што го зазема третото место.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Протест на грчките земјоделци на границата со Македонија

Следно

По страшната дијагноза: Принц Хари итно оди во Британија да го види својот татко

Latest from Blog

УНИЦЕФ: Поради израелските напади, протерани се 370.000 деца во Либан

Ова е едно од најбрзите и најголемите раселувања во историјата на земјата, соопштија претставници на УНИЦЕФ, агенцијата на ОН за деца. Израел започна тешка воздушна и копнена офанзива врз Либан откако Хезболах,

Муцунски: Критиките од Бугарија за т.н. непочит на малцинските права не се базирани на факти, туку се гола политика која не им служи на двете држави

Природата на актуелната блокада и на сите потенцијални блокади, се поврзани со политика, а не со суштина. Да беа поврзани со суштина немаше да бидеме во оваа ситуација зашто сме земја пример
Go toTop