Медресата влегува во образовниот систем – до крајот на месецот изгласување на законот за средно образование

July 21, 2025
1 min read

До крајот на месецот треба се уреди статусот на медресата „Иса Бег“ откако во Собранието се очекува да помине законот за средно образование. Со ова ќе биде признаено нејзиното функционирање во образованиот систем а со тоа се отвора можност учениците да се запишат на универзитет. Утре законот е на пленарна седница на прво читање по што следи и комисиската расправа а потоа законот се враќа на усвојување пред пратениците. На денешната седница на Комисијата за образование заменик министерот Лулзим Алиу во образложението рече дека со ова се решава проблемот на учениците кои го посетуваат ова училиште.

-Ова е проблематика која што не беше решена речиси 40 години и мислам дека со овој закон ќе им се овозможи и на овие ученици да бидат еднакви како другите ученици и на крајот на образованието да полагаат и државна матура кои што тие ќе ги изберат предметите и да бидат еднакви со сите ученици да бидат запишани во државните универзитети, изјави Лулзим Алиу, заменик министер за образование.

Пратеничката на ВРЕДИ Имрлије Салиу Фетаи рече дека носењето на овој закон е чин на институционална правда а учениците ќе имаат право да го продолжат своето образование.

-Ова е од суштинско значење бидејќи верското образование без разлика колку е специфично не може да биде и ќор-сокак. Тоа треба да биде мост за напредок. За прв пат во рамките на овие институции е регулирана јасна поделба помеѓу општото и верското образование. За општите предмети ќе се спроведува програмите на Министерството за образование, со поддршка од Бирото за развој, изјави Имрлије Салиу Фетаи, пратеничка од ВРЕДИ.

Со ова се исправа една неправда од минатиот систем, истакна Иванка Василевска претседателка на Комисијата за образование.

-Тука имаме допир со неколку уставни начела кои што зборуваат за рамноправност и еднаквост на сите во државата и од таа причина, ете во една либерална средина да им дадеме можност да се во рамките на системот и на тој начин ќе можеме да имаме контрола на истите институции, ќе може државата да превенира доколку има потреба, но и да им дадеме шанса на луѓето да ги изразат своите потреби и потенцијали, изјави Иванка Василевска, претседателка на Комисијата за образование.

Медресата е верско училиште чие прашање не беше решено 40 години со што образованието на учениците беше надвор од законските рамки. Покрај ова се решава и статусот на православното Богословско училиште чиј статус исто така не беше признаен.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Автобус на ЈСП се запали во движење, возачот хоспитализиран на Токсикологија

Следно

Палестинците во Газа на раб на глад, израелската армија продолжува да ги напаѓа хуманитарните конвои

Latest from Blog

Орландо Блум прв пат јавно проговори за раскинувањето со Кети Пери, откри какви им се односите (ВИДЕО)

Додека беше гостин во шоуто „Тудеј“, 48-годишниот актер истакна дека е благодарен за сè и дека тој и Пери секогаш ќе бидат поврзани поради нивната петгодишна ќерка, Дејзи. Додека го промовираше „The

Птица снесе јајце во центар на теренот- ќе нема натпревари цел месец (ВИДЕО)

Фудбалерите кои пристигнаа на натпревар во регионалниот спортски комплекс Џерабомбера минатиот викенд беа пренасочени кон друг терен откако птицата лишка положи јајце во централниот круг, објави Дејли Меил. „Лишка положи јајце на синтетичкиот фудбалски

СИТЕ ТРЕБА ДА БИДАТ УБИЕНИ, повикува блокадерка на масакр на полицајци во Нови Сад (ВИДЕО)

За време на вклучувањето на Жаклина Таталовиќ на Н1, во етерот се емитуваше вистинската слика и изјава од блокадерка, која вреска дека сите полицајци треба да бидат убиени. Таталовиќка ѝ се приближува

ФОТО: Овие бои ќе ја одбележат есента 2025 година

Модните трендови за есента 2025 година носат палета која комбинира топлина, елеганција и младешка свежина. Боите што ќе ја одбележат сезоната го најавуваат враќањето на луксузните земјени тонови, нежните пастелни нијанси и
Go toTop