Медиумите јавуваат: Израел нуди двомесечен прекин на огнот во Газа во замена за ослободување на затворениците

January 23, 2024
1 min read

ЕРБИЛ (АА) – Израел понуди да ги запре нападите во Појасот Газа на два месеца во замена за ослободување на сите затвореници што ги држи палестинското движење Хамас во таа енклава, пренесува Анадолу.

Повикувајќи се на изјавите на неименувани израелски функционери, американскиот портал „Аксиос“ пренесува дека Израел му понудил нов „прекин на огнот“ на Хамас.

Беше нагласено дека администрацијата на Тел Авив понудила да ги прекине нападите врз Газа на два месеца во замена Хамас да ги ослободи сите затвореници.

Овој извор јавува дека израелскиот предлог не вклучува траен прекин на огнот во Газа и дека тој е пратен до Хамас преку Катар и Египет.

Израелските власти, наводно, рекле дека чекаат одговор од Хамас, но тие се внимателни оптимисти дека може да се постигне напредок во наредните денови.

Се наведува и дека доколку се постигне договор за размена на затвореници, првата фаза би била ослободување на жените, мажите над 60 години и оние со критична здравствена состојба.

Се наведува дека израелските официјални лица рекле дека, според предложениот договор за размена на затвореници, Израел и Хамас однапред ќе се договорат за тоа колку палестински затвореници ќе бидат ослободени во замена за секој израелски затвореник.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Времето денеска: Сончево и студено со температури до -18 степени

Следно

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа позициите на Хутите во Јемен

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop