Медиумите го „отпуштија“ Анчелоти, но тој излезе со сосема поинакво тврдење

April 19, 2025
1 min read

Не е лесно да се биде тренер на Реал Мадрид кога испаѓа од Лигата на шампионите на УЕФА. Но, Карло Анчелоти денеска увери дека ја ужива поддршката од лидерот на клубот Флорентино Перез.

По елиминацијата против Арсенал, медиумите веќе го отпуштија Анчелоти и го назначија Чаби Алонсо…

-Кој и да зборува за конфликт со клубот или претседателот, не ја кажува вистината. Сега чувствувам поголема поддршка од Перез отколку кога освојувавме трофеи. Ова е реалноста во која живееме, нечиј кредибилитет постојано се доведува во прашање. Овој клуб освои 30 трофеи во последните 11 години и воопшто не сум загрижен што луѓето ја доведуваат во прашање мојата позиција, изјави Анчелоти на прес-конференција.

Реал никогаш не се предава, се бори до крај.

-Сите ние страдаме заедно. Ние во соблекувалната, навивачите, лидерите по испаѓањето од Лигата на шампионите. Но, овие работи се случуваат во фудбалот, не може постојано да се победува. Сите сме на иста страна, нема конфликт и немало, ниту ќе има. Сите сме во ист брод. Во добри и во лоши времиња, истакна тој.

Тимот утре се соочува со дерби против Атлетик Билбао. Реак нема право на грешка бидејќи Браселона запиша победа попладнево.

-Би сакал да му честитам на Билбао за пласманот во полуфиналето на Лигата на Европа на УЕФА, а тие се блиску до играње финале на нивниот „Сан Мамеш“. Играат интензивен фудбал, наше е да одговориме на ист начин. Имаме уште шанса да освоиме три трофеи и ќе се бориме за нив до крајот на сезоната, истакна Италијанецот. (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СДСМ: Владината мерка за објавување цени на веб-страници е нефункционална и бесмислена

Следно

Г.г. Стефан: Кочанското страдање на најсуров начин повторно нè соочи со немилосрдната стварност на смртта

Latest from Blog

Скопје во центарот на регионалната енергетска соработка – прв форум посветен на зелената транзиција и жените во енергетиката

На 25 ноември 2026 година, Скопје ќе биде во центарот на регионалниот дијалог за иднината на енергетиката. Во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи Првиот форум за енергетска дипломатија „Обновливи извори и

Струјата во Македонија речиси 60 отсто поевтина од европскиот просек: Еве колку плаќаат граѓаните во ЕУ

Македонија има една од најниските цени на електричната енергија за домаќинствата во Европа, покажуваат најновите податоци за првата половина од 2026 година. Според анализата објавена од „Еуроњуз“, електричната енергија во Македонија е

Николоски: До крајот на мај автопатот Кичево – Охрид ќе биде целосно пуштен во употреба

Изградбата на автопатот Охрид-Кичево се одвива со одлична динамика. Силно сме посветени заедно со изведувачот и надзорот и согласно зададениот рок ќе го завршиме целосно, изјави заменик претседателот на Владата и министер

„Булмак 2016“ со нова мерка за работниците: Дополнителни 5.000 денари за редовност на работа

Компанијата „Булмак 2016“, која успешно стопанисува со рудниците Злетово и Тораница, продолжува континуирано да ги унапредува условите за работа на своите вработени. Како еден од најзначајните економски двигатели во источниот дел на

Коњановски: Силниот ветер остави последици во Битола, службите го расчистуваат теренот

Три лица се повредени, неколку автомобили се оштетени, а околу 20 паднати дрвја се пријавени по силниот ветер што од синоќа ја зафати Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, кој попладнево бил на терен
Go toTop